1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Заврши воената служба на принцот Хари во Авганистан

1 март 2008

Десет недели британскиот принц ја извршуваше својата воена обврска на фронтот во Авганистан. Но неговиот ангажман кој строго беше држен во тајност и беше откриен на јавноста од страна на еден американски веб сајт.

https://p.dw.com/p/DGEI
Принцот Хари во униформа во АвганистанФотографија: AP

Британските медиуми строго се придржуваа до договорот со британската влада да го држат во тајност ангажманот на синот на принцот Чарлс и принцезата Дијана на бробената линија во Авганистан. Меѓутоа американскиот веб сајт Драџ рипортс специјализиран за вакви откритија, го прекрши овој договор и по десет недели, тајната за принцот Хари на фронтот во авганистанската провинција Хелманд беше откриена.

Пофалби за Принцот Хари

Британската армија реагираше веднаш и нареди предвремено повлекување на принцот од Авганистан во интерес на неговата и безбедноста на неговите соборци. Премиерот Гордон Браун пак беше полн со пофалби:„Целата земја му должи благодарност на принцот Хари за неговата служба и храброст“ Министерот за одбрана Дес Брауни пак дополни:„Тој е пример за цела генерација млади луѓе.“

Но и обичните луѓе искажуваат почит за третиот во редот за престолонаследник на британскиот трон;

„Тоа е добро за моралот на трупите но и за целата земја“

Принцот Хари пак скромно во телевизиско интервју порача:

„Сите мои желби се остварија. Отсекогаш се надевам дека ќе дојдам на фронтот. Извонредно, за момент да бидеш нормален човек. Подобро можност за тоа нема веќе никогаш да добијам“