1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Жителите на Хамбург и кажаа „не“ на Олимпијадата

С. Вирт/БГ30 ноември 2015

Две години по Минхен и жителите на Хамбург и кажаа не на Олимпијадата. Додека едните слават, а другите тажат, експертите велат дека тоа е тежок пораз за германскиот спорт

https://p.dw.com/p/1HEWT
Фотографија: picture-alliance/dpa/C. Rehder

Очекуваната прослава на поддржувачите на Олимпијадата отпадна. Разочарани лица по неуспехот на референдумот. 51,6 отсто од жителите на Хамбург не сакаат Олимпијада во нивниот град. Особено разочарани се врвните германски спортски функционери.

„Ова е тежок пораз за нас, за спортска Германија, но и за Хамбург. Ќе беше еден прекрасен проект, кој ќе добиеше и меѓународно признание“, вели Михаел Веспер, од германскиот Олимписки комитет.

Целото видео погледнете го тука:

Жителите на Хамбург и кажаа „не“ на Олимпијадата

Иако анкетите во изминатите недели покажуваа мнозинство за поддржувачите на Олимпијадата, сепак на гласањето жителите на Хамбург не го одобрија проектот.

„Околностите беа навистина тешки: бегалците, ФИФА, кризата во германскиот фудбалски сојуз, допингот во Русија, и секако случувањата во Париз“, вели овој граѓанин.

Покрај безбедносната состојбата по последните терористички активности во Париз и Хановер, жителите на Хамбург беа скептични и во однос на плановите за изградба на целосно ново олимписко село- кое требаше да чини повеќе од 11 милијарди евра. Притоа, поделбата на трошоците меѓу градот и државата не беше јасна.

„Има далеку попотребни нешта, каде што парите би биле подобро инвестирани, а не во неколку неделен спортски настан“, вели Флоријан Касиске, противник на Олимпијадата.

Во Хамбур пропадна севкупно седмиот обид за германска олимписка кандидатура, по вторпат по Минхен 2013 на референдум. Нов обид во следните години сигурно нема да има.