1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Жетва од медали за германските претставници на зимските олимписки игри во Торино

20 февруари 2006
https://p.dw.com/p/AejK

Андре Ланге, кој спортската кариера ја започна како борач, па потоа се префрли во натпревари со боб и пред 4 години стана олимписки шампион како пилот на боб четирисед, и одс Торино носи злато, сега во дисциплината боб двосед. Негов партнер-кочничар беше Кевин Куске. Тие во второто возење дури имаа проблем кога Куске при стартот не успеа навреме да скокне во бобот и само со многу мака сепак успеа да заземе правилна позиција, но тоа значеше загубени драгоцени десетинки од секундата. Сепак, севкупната победа зборува за нивната супериорност. Натпреварувањето се одржа под многу тешки околности и силни снежни врнежи.

„Не сум свесен што се’ се случуваше овде денеска. Но, ова е олимпијада, ова е нешто посебно и мора да се вози и под сосем невообичаени услови, а мислам дека ние добро ја решивме задачата“ – рече Ланге. За него нема време за славење: „Славење, тоа не е наша мисија. Овде во Торино таа уште не заврши. Веќе во вторник започнуваме со тренинг со четирисед а и тука сакаме солидно да се лизнеме по планината удолу. Поради тоа, можеби некое пивце или чаша шампањско, но сигурно ќе нема голема забава“.

29-годишната Кати Вилхелм, некогашна натпреварувачка во скијачко трчање, пред седум години се префрли во биатлон и во најкраткто време се вивна во светската елита на биатлонките. На пшретходната олимпијада освои два златни медала. Првата жена што го носеше германското знаме во дефиле на отворањето на олимпијата, и во Торино ја потврди позицијата на една од водечките во светот. Во саботата победи на патеката од 10 киломтери со предност каква што досега не е забележана на зимските олимпијади. „Толку сум среќна оти ова беше генијална трка, толку добро му одеше. Во последните денови немав многу среќа и денеска сакав на сите да им покажам – сето навистина и се оствари и сега сум тотално среќна“ – велеше Кати Вилхелм по трката.

Свен Фишер кон златниот медал во биатлон на 10 километри, освои и бронзен на патеката од 12 ипол километри: „Тогаш си реков о-кеј, сега едноставно концентрирај се врз стрелањето и ќе видиш што ќе испадне. Тогаш, фала Богу, повторно му се укажа шанса за медал и навистина е убаво што можев и да ја искористам“.

Ана Кристине, за јавноста едноставно Ани Фризингер, на викендот се закити со еден златен и едн бронзен медал; златен како дел од тимот во кој бе аи Клаудија Пехштајн и Даниела Аншиц Томс, бронзен во поединечните натпревари во брзо лизгање на патеката од 1 илјада метри, во која беше сметана за фаворит. „Освоив еден златен медал и сега не мислам дека нешто загубив, туку повторно сум на подиумот за тројцата најдобри, можам повторно да уживам во прекрасната церемонија. Денеска ќе славам, оти мислам дека ми е потребно тоа“.

Клаудија Пехштајн уште пред оваа олимпиојада беше најуспешна Германка во зимските спортови, а нејзиниот биланс сега изнесува 5 златни олимписки медали, еден среврен и два бронзени, а покрај тоа уште и 6 титули светски првак.

Гермнската машка штафета во скијачко трчање стигна како втора на целта – побрзи од Андреас Шлитер, Јенс Филбрих, Рене Зомерфелт и Тобијас Ангерер беа само домаќините, италијанските претставници. „Италија едноставне беше пресилна, Едноставно без завист морам да признаам дека заслужено победија, а и сребрениот медал е супер, значи, тотално сум срреќен, но тоа уште не можам да го покажам пти сум преморен“ – вели спортскиот џентлмен Тобијас Ангерер, кој во петокот освои бронзен медал во посединечната трка на 15 километри со класичен стил.

Германците, така, досега успешно ја следат целта на олимпијадата во Торино да станат најуспешна нација. Но, за тоа треба да продолжат во исто темпо до крајот на неделава, кога завршуваат олимписките игри.

За жал, и над нив не наднесе сенката на допинг-скандали. Прво беше откриена руската биатлонка Олга Пилева, на која и“ беше одземен сребрениот медал и веднаш беше суспендирана на две години, а на викендот, во акција договорена и координирана со Интернационалниот олимписки комитет, 30 карабинњери на италијанската полиција во саботата вечерта изврши рација во две приватни сместувалишта на биатлонци и натпреварувачи во скиијачко трчање од австрискиот тим. Двајца биатлонци во меѓувреме исчезнаа – најверојатно се во бекство назад во татковината, а тренерот Валтер Мајер е суспендиран од олимписки игри до 2010-та година. „Ова застрашувачко дејство е дел оа намерата на Интернационалниот олимписки комитет, дел од борбата притв допингот во спортот“ – вели за полициската акција потпретседателот на Комитетот Томас Бах.

На акцијата, инаку, и’ претходело известување од Светската анти-допинг агенција, кој го подгреал сомневањето за допинг со крв во австрискиот тим. Националниот олимписки комитет на Австрија, откако се стивна возбудувањето и побуната поради полициската акција, ги исклучи двајцата побегнати биатлонци од олимпискиот тим, а тренерот веднаш е исклучен од Австрискиот скијачки сојуз.

Во длабока сенка на олимпијадата се одиграа натпреварите од 22-то коло на фудбалската Бундеслига. Профитер на колото е Хамбургер – по синоќешната победа на гости кај Ајнтрахт во Франкфурт со 2 спрема 1 се качи на втора позиција и барем за малку ја намали разликата во однос на челниот Баерн, кој на гостувањето кај Хановер одигра нерешено 1 спрема 1. Дури, Баварците беа тое кои мораа да спасуваат бод, бидејќи изедначија во претпоследната минута.

Губитник на денот е Келн – на гостувањето кај Борусија во Менхенгладбах е поразен со 2 спрема 0 и по 17 последновни првенствени натпревари без победа е закиован на последното место со 40 бодови помалку од водечкиот, а два помалку во однос на конкурентот во борбата за опстанок Дуизбург и пет во однос на Кајзерслаутерн и Мајнц. Кајзерслаутерн дома ја совлада Арминија со 2 спрема 0, Мајнц е поразен на гостувањето во Штутгарт со 2 спрема 1. Ова е прва победа Штутгарт под раководство на новиот тренер Армин Фе кој го презеде кормилото од славниот Џовани Трапатони. „Мислам дека тимот се бореше, тоа можеше да се види“ – оцени Фе.

Важни победи како гости остварија Шалке во Берлин со 2 спрема 1 против Херта, како и Вердер со 1 спрема 0 против Борусија во Дортмунд. Сега Баерн на чело на табелата има 55 бодови, Хамбургер 47, Вердер 46, а Шалке 42. Тоа е елитата на Бундеслигата – се’ друго само просек: Хановер петти со 30 бодови, колку што имаат и Штутгарт, Херта и Бориусија Мменхенгладбах. Борусија од Дортмунд има 29, Баер Леверкузен по победата над Дуизбург со 3 спрема 2 има 18 бодови.