Жената која им суди на мажи
9 јули 2019„Ова прво беше професија каде монопол има мажите. На почетокот имав проблеми. Беше невообичаено за жена“, вели 35-годишната Дорсаф Гануати, прва Африканка и Арапка која суди на топ-натпревари.
Таа е судијка на натпревари во втората и третата лига во Тунис. Нејзиниот подем до врвот не бил лесен:
„Како судија мора да бидам почитувана, има правила и моите одлуки мора да бидат почитувани. И да се коректни и да се некоректни, тие се спроведуваат согласно правилата.“
Почнала како голман во Бардо. Од 2015 година е меѓународен судија на ФИФА.
„На почетокот мораше да се работи многу напорно, како физички, така и во технички поглед. Треба да се стои на солидна основа.“
Притисокот од работата и семејните обврски се исто така предизвик за Дорсаф:
„Малку е нефер кон мојата ќерка, поради недостигот на време, но од мајка ми добивам многу поддршка.“
За што сонува Дорсаф гануати, погледнете во видеото: