1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

ЕУ: поддршка за Србија, загриженост за БиХ

АТ/ бета12 декември 2012

Надеж за Србија, потврда за Црна Гора и разочарување за БиХ - се заклучоците на шефовите на дипломатиите на ЕУ за напредокот на реформите на земјите од Западен Балкан.

https://p.dw.com/p/170Ec
Фотографија: AP/Montage DW

Шефовите на дипломатиите на ЕУ вчера постигнаа договор, напролет идната година да се процени дали Србија ги исполнува условите за почеток на преговорите за членство во ЕУ и ако оценката билде поволна, до јуни да одредат датум за почеток на преговорите. Европскиот комесар за проширување Штефан Филе изрази надеж дека до јуни 2013 година ќе биде ордеден датум за преговори со Србија. Според него преговорите треба да почнат штом ќе се утврди дека е постигнат доволен напредок во реформите и трајно и видливо подобрување на односите со Приштина.

Шефот на шведската дипломатија Карл Билт на прес-конференцијата по состанокот во Брисел исто така изјави дека „кога е во прашање Србија, во заклучоците за напредокот на земјите од Западен Балкан се споменува временска рамка, поврзана за одредувањето датум за почеток на преговорите со Србија“ Запрашан дали тоа значи датум, Билт рече: „Не, тоа е временски рок“.

Шефовите на дипломатиите на ЕУ го поздравија придвижувањето на пристапните преговори со Црна Гора и ги повикаа властите во Подгорица да продолжат со реформите со посебно внимание на владеењето на правото и борбата против организираниот криминал.

Во заклучоците од состанокот се поздравува и тоа што на 29. јуни почна процесот на скрининг на поединечни преговарачки поглавја, како и тоа што се применува нов пристап, според кој прво се одработуваат поглавјата за правосудството и фундаменталните права, правда, слобода и безбедност.

Aussenminister Treffen Brüssel
Кетрин Ештон и Гидо ВестервелеФотографија: Reuters

Шефовите на дипломатиите на ЕУ во однос на Босна и Херцеговина пак изразија „недвосмислена поддршка за европската перспектива на БиХ како суверена и обединета земја со целосен територијален интегритет“, но и изразија загриженост поради недоволно спроведување на политичките договори и застој на европскиот пат.

Во заклучоците од состанокот се наведува дека БиХ годинава забележала одреден напредок, но се изразува жалење што не продолжи добриот почеток, како и разочарување „што напредокот на европскиот план е во застој и дека продолжува реториката на поделби“: