1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

ЕУ отвори постапка против Германија

ЕМФ / дв
8 декември 2016

Во скандалот со издувните гасови Европската Комисија отвора постапка против Германија, која на крајот би можела да заврши и со тужба пред Европскиот суд.

https://p.dw.com/p/2TxlH
Symbolbild Abgasaffäre: Bosch in VW-Skandal schwer belastet
Фотографија: picture alliance/dpa/J. Woitas

Европската Комисија отвори постапка против германската влада поради сомневање за повреди на европското право. Станува збор за случајот со „разубавување“ на вредностите на издувни гасови со помош на специјален софтвер, кое го правел автомобилскиот концерн Фолксваген. ЕК е на мислење дека германските надзорни власти не го контролирале доволно концернот и поради тоа е можно да направиле прекршок на европските закони.

Истото обвинување е покренато и против Чешка, Литванија, Грција, Луксембург, Шпанија и Велика Британија. Во случајот на Германија и Велика Британија станува збор и за уште едно прекршување на законите. Обвинувањето гласи: двете земји и во своите национални истражни извештаи не ги вметнале информациите кои им биле познати.

Погодените земји имаат време од два месеца да одговорат на обвинувањата. Потоа ЕК би можела да преземе втор чекор во постапката, која на крајот може да води до тужба пред Европскиот суд.

И покрај скандалот, Фолксваген продава наголемо