1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Ердоган победи на претседателските избори

СН/ агенции
25 јуни 2018

Турската државна изборна комисија ја потврди победата на актуелниот шеф на државата. Со изборите завршено е и воведувањето на претседателскиот систем. Ердоган сега истовремено е шеф на државата, партијата и владата.

https://p.dw.com/p/30CtO
Wahlen Türkei - Erdogan erklärt sich zum Sieger
Фотографија: picture alliance/AP Photo/Presidential Press Service

Според податоците на Државната изборна комисија, претседателот Реџеп Таип Ердоган и официјално победи на претседателските избори - и тоа веќе во првиот круг. Ердоган освои „апсолутно мнозинство од важечките гласови", рече шефот на изборната комисија, Сади Гувен, во ноќта кон понеделникот на  прес-конференција во Анкара. Според него, преброени се речиси 98 проценти од гласовите.

Infografik Präsidentschaftwahl Türkei 2018 EN

Неколку часа пред изборната комисија, претседателот веќе настапи пред медиумите во Истанбул. „Значи, нашиот народ на мојата личност ѝ го довери мандатот за претседател и за владата", рече тој, признавајќи дека резултатите до тој момент се сѐ уште неофицијални. Гласачите, исто така, на коалицијата предводена од партијата АКП ѝ доверија апсолутно мнозинство во парламентот, рече тој.

Повеќе:

-Ердоган - Од реформатор до радикал и назад?

-Моја Европа: Германија, Турција и бегалците

-Сонот за една поинаква Турција

Како кандидат на исламско-конзервативна партија за правда и развој (АКП), Ердоган освои 52,5 отсто. Неговиот противкандидат Мухарем Инџе од левичарско-националистичката Републиканска народна партија (ЦХП) пак освоил нешто под 31 процент од гласовите.

АКП и коалицискиот партнер до апсолутно мнозинство

И  „Платформата за фер избори“ составена од набљудувачите на опозицијата исто така соопшти дека Ердоган освоил околу 52,5 отсто. Инџе, според неа има повеќе од 31 насто освоени гласови додека пак со со 8,3 проценти, трет е Селахатин Демирташ од прокурдската партија ХДП и покрај тоа што е во притвор од 2016 година.

Wahlen Türkei - Erdogan erklärt sich zum Sieger
Фотографија: picture-alliance/AA/A. Hudaverdi Yaman

На парламентарните избори пак, АКП, по пребројувањето на 80 насто од гласовите, според официјалните податоци, освоила повеќе од 43 проценти, додека нивните сојузници МХП достигнале нешто повеќе од 11 проценти. Владината коалиција  според делумните резултати објавени од државната новинска агенција Анадолу,  може да добие значително повеќе од 340 од вкупно 600 места во парламентот. Опозицискиот Алијанса на нацијата, според овие податоциосвоила нешто под 22 насто од гласовите. Прокурдската ХДП пак има освоено нешто повеќе од десет проценти, и по сѐ изгледа ќе обезбеди место во новиот состав на турскиот парламент.