1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

ЕК препорача кандидатски статус за Албанија

ЕМФ/бета/миа4 јуни 2014

Европската комисија денеска ја потврди својата препорака на Албанија да и‘ се додели статус на кандидат за членство во ЕУ, со што се отвора патот - одлуката за тоа да биде донесена на самитот на EУ, на крајот на јуни.

https://p.dw.com/p/1CBoe
Фотографија: picture-alliance/dpa

„Комисијата ја потврдува својата препорака дека земјите членки на Албанија треба да и‘ доделат статус на кандидат“, рече еврокомeсарот за проширување Штефан Филе, нагласувајќи дека е охрабрен од напорите на Тирана во спроведувањето на реформите.

Комисијата во денеска (04.06) објавениот извештај го истакна напредокот на Албанија во сузбивање на корупцијата и организираниот криминал и во воспоставувањето правна држава. Конечната одлука за доделување статус на кандидат на Албанија ќе ја донесат лидерите на ЕУ, на самитот на 26 и 27 јуни, во Брисел.

Оценувајќи ја препораката како добра вест за сите Албанци, албанскиот премиер Еди Рама, меѓу другото, се заложи и за дијалог со опозицијата. Албанија доби препорака од ЕК и во октомври 2013 година, но пет земји членки на ЕУ - Германија, Франција, Велика Британија, Данска и Холандија, побараа одлагање на препораката за јуни годинава. Албанија се надева дека овие земји нема да го преземат истиот чекор, затоа што досега не искажале резерва по ова прашање.