1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Последен скап обид

Бернд Ригерт 15 август 2015

Министрите за финансии на Еврогрупата планираат да и дадат последна шанса на Грција. Затоа заклучија дека во Грција сѐ ќе биде добро. Тоа е ризично, смета Бернд Ригерт.

https://p.dw.com/p/1GFwu
Фотографија: picture alliance/chromorange

Многумина со задоволство би сакале да веруваат дека Грција е спасена. Сега по половина година хаос , конечно мир. Меѓутоа за жал согласноста околу во меѓувреме третиот пакет за помош на Грција ќе биде само кратка пауза за земање здив.

Економскиот развој во Грција, од стапувањето на функција на владата на левичарско-десничарската коалиција, која зачудувачки и натаму се одржува на власт, оди забрзано по надолна линија. Стапката на задолжување и натаму ќе расте и повеќе не може да се издржи, велат во еден глас ММФ, Еврокомисијата и Европската Централна Банка. Меѓународниот Монетарен Фонд во меѓувреме сака да излезе од спасувачката спирала и бара отпис на долговите за Грција и тоа драстичен.

ММФ мора да остане „пес чувар“.

Европејците меѓутоа не сакаат да се откажат од нивните барања кон Грција, меѓу другото и поради педагошки причини, зашто ко на Грција и се одобри отпис на долговите, во некои идни кризи тоа би можеле да го бараат и Италијанците, Французите и Шпанците. Спорот околу долговите сѐ уште не е надминат и повторно ќе дојде на дневниот ред најдоцна во октомври.

Истотака од педагошки причини, строгиот ММФ безусловно мора да остане во надзор на спроведувањето на реформите врзани за третиот пакет помош за Грција. Фондот е „пес чувар“ кој од време на време може да биде пуштен од ланец, кога нема трага од должникот. Без ММФ, дрската грчка влада можеби политички ќе ги омекнеше ставовите на добронамерните и попустливите во Европската Комисија, во Франција или Италија. На ММФ ништо не му значи убавата реторика за европска солидарност. За него се важни само економските факти, а тие во Грција за жал се катастрофални.

Riegert Bernd Kommentarbild App
Бернд Ригерт

Затоа министерот за финансии на Германија Волфганг Шојбле постапува добро, кога инистира на учеството на ММФ во процесот. Грција се врати во рецесија. Вистинската херкуловска задача е всушност во наредните три години- колку што треба да трае третиот пакет помош- Грција повторно да биде доведена на патот на економски раст. Сомнежите дека овој грчки премиер, може да биде Херкулес, се оправдани. Најнпарде Алексис Ципрас ќе ѝ се посвети на неговата расцепкана радикално- левичарска партија, потоа ќе оди на избори и можеби ќе формира нова влада. Така повторно ќе поминат драговени недели и месеци. Покрај тоа, избирачите во Грција на рефрендумот кажаа јасно НЕ за натамошните обиди за спас на земјата.

Не е доволен само симпатичен министер за финансии

Последно нешто, што ѝ треба сега на Грција се политичка несигурност и нестабилност. Тоа е отроф за инвестициската клима. Кој впрочем би градел фабрика или би земал кредит, ако не знае, дали земјата за неколку месеци повторно нема да биде или и натаму е на работ на пропаст? Министрите од Еврогрупата тврдат дека , повторно стекнале малку доверба во грчката влада, бидејжи новиот министер за финансии Еуклид Цакалотос е еден толку симпатичен човек. Тоа меѓутоа не е доволно. Сега е потребно спроведување на реформите, реконструкција на државата во Грција, еден сосема нов деловен модел за земјата. Дали тоа трупата на Ципрас може да го оствари? Или подобро кажано сака да го оствари?

Уште колку многу може да се извиткува Алексис Ципрас? Тој ги прекрши сите негови левичарски изборни ветувања, се чувствува под притисок, пакетот за помош всушност го смета за грешка. И токму тој сега треба да го спроведе. Тоа не оди едно со друго. Тоа го знаат и министрите во Брисел. Затоа се надеваат дека во Грција сепак некако ќе се случи политичко чудо.

Третиот пакет финансиска помош, кој грчките задолжувања ќе ги дотера до 200 проценти од Брутодомашниот производ (според Договорот од Мастрихт се дозволени 60 проценти) е последната, најпоследната шанса за Грција. Ако таа сега не биде искористена, тогаш излезот на земјата од еврозоната повеќе е неодминлив. Многу стручњаци изразуваат сомневања дека истиот рецепт, кој повеќе или помалку веќе не вроди со плод ни при првиот ниту пак при вториот пакет помош, овојпат ќе донесе подобри резултати. Дали на крајот парите ќе бидат изгубени а Грција сѐ уште ќе биде на работ на понор? Наредната недела пратениците во германскиот Бундестаг мораат да дадат зелено светло за пакетот. Човек не би сакал да биде во нивна кожа. Јасно ДА не може да се препорача.