1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

ДИК ќе покрене прекршочна постапка против Иванов

ЕМФ/миа/макфакс25 март 2014

Ѓорѓе Иванов со својот отчет на 14 март предвреме ја почнал изборната кампањата поради што ДИК ќе покрене иницијатива за прекршочна постапка против него, бидејќи на тој ден е утврдена листата за кандидати за претседател.

https://p.dw.com/p/1BVax
Фотографија: MIA

Членовите на Државната изборна комисија ваквата одлука ја донесоа со просто мнозинство, односно со четири гласа „за“ и три гласа „против“, со што го прифатија приговорот поднесен од страна на СДСМ.

По однос на другата претставка од СДСМ, во која било наведено дека ВМРО-ДПМНЕ го прекршила Изборниот законик и предвреме почнала со кампањата, членовите со два гласа „за“ и четири „против“ се изјаснија дека во овој дел немало прекршувања, бидејќи во тој момент немало листи со пратенички кандидати.

За попладнево (25.03) е закажано продолжение на седницата на Државната изборна комисија на која треба конечно да го заклучи избирачкиот список за претседателските избори.