1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

ДИК: Одзивот на изборите до 10 часот е 7,97 насто

агенции, Александар Чомовски22 март 2009

Во Македонија, во 7 часот утрината отворен е најголем дел од гласачките места. Обилните снежни врнежи предизвикаа проблеми во изборниот процес во 30 општини. ДИК соопшти дека не се отворени 103 гласачки места.

https://p.dw.com/p/HGmC
Поради лошото време во Македонија не беа отворени стотина гласачки местаФотографија: AP

Македонските граѓани денеска по четврти пат избираат претседател на државата, а по петти пат градоначалници и членови на општинските совети. Според податоците од Државната изборна комисија до 09 и 30 утринава во 30 општини поради непроодност на патиштатата не се отворени 103 избирачки места.

„Станува збор за околу 12 илјади избирачи или помалку од еден процент“, изјави на првата прес-конференција денеска претседателот на ДИК, Александар Новаковски.

Одзивот на гласачите до 10 часот, за претседателските избори, изнесува 7,97 проценти или 110 илјади и 580 гласачи, според податоци добиени од 2.212 избирачки места или 74,30 проценти, соопшти ДИК.

Одзивот на гласачите до 10 часот за локалните избори изнесува 7,96 проценти или 110 илјади 294 гласачи според податоци добиени од 2.207 избирачки места или 74,16 проценти.

Засега нема други проблеми во текот на избирачкиот процес, соопшти ДИК.

Wahlen Mazedonien
Изборниот материјал не можеше да биде доставен во планинските села поради снеготФотографија: AP

Евидентираните 1.792.082 избирачи во Единствениот избирачки список на 2.976 гласачки места можат да го дадат својот глас за еден од седумте кандидати за шеф на државата - Имер Селмани од Нова демократија, Мируше Хоџа од ДПА, Нано Ружин од ЛДП, Ѓорге Иванов кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, независниот кандидат Љубе Бошкоски, Агрон Буџаку од ДУИ и Љубомир Фрчкоски кандидат на СДСМ.

Претставниците на локалната власт во 84 општини и во Градот Скопје, пак, ќе можат да ги бираат од пријавените 365 претенденти за градоначалници и од околу 700 листи со кандидати за членови на општинските совети. Гласачките места се отворени од 7 до 19 часот.

Рекорден број набљудувачи

Македонија е меѓу последните европски земји каде изборите се под силен меѓународен мониторинг. Околу 300 набљудувачи на ОБСЕ и дополнителено околу 150 претставници од Советот на Европа и европски земји ќе го следат денешното гласање во Македонија.

Skope,GTC
Тест за македонската демократијаФотографија: DW

Меѓународната заедница, САД и ЕУ се согласни дека овие избори треба да бидат слободни и без инциденти, изјави првиот човек на ОБСЕ и ОДИХР во Македонија, Питер Ајкер. Во изминативе неколку недели ОБСЕ тренираше неколку стотини полицајци како да реагираат на евентуални попречувања на гласачкиот процес.

Граѓанската организација „Мост“ упати апел до сите учесници да ги стават државните над партиските интереси и да се погрижат за мирен тек на изборите. „Мост“ инаку има 4520 набљудувачи на денешните претседателски и локални избори во Македонија.