1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Десет загинати во напад на беспилотно летало

СН/АТ/ртр/дпа/миа3 јуни 2012

Во нов американски напад со беспилотно летало во северозападен Пакистан загинале најмалку десет осомничени радикални исламисти. Ова е втор ваков американски напад во два дена.

https://p.dw.com/p/1579w
Фотографија: AP

Во најновиот напад на американско беспилотно летало т.н „дрон“ во пакистанската племенска област Јужен Вазиристан, на границата со Авганистан, убиени се најмалку десет талибанци, а три се ранети, наведе извор од пакистанската влада.

Нападот е извршен во селото Вакадана, во дистриктот Бирбал, на самата пакистанско-авганистанска граница. Разузнавачки извори тврдат дека леталото истрелало четири ракети на куќата на Мула маланга, важен командант на групата Мула Назир, составена од т.н. „добри талибанци“ кои не ги напаѓаат пакистанските безбедносни сили, туку изведуваат операции само во Авганистан.

Пакистанските племенските области на границата со Авганистан важат за упориште на радикално-исламистичките талибанци и на терористичката мрежа Ал Каеда. Нападите на американските беспилотни летала врз осомничени исламисти масивно се проширија за време на мандатот на претседателот Барак Обама. Вчера во сличен напад на денешниот истотака во Јужен Вазиристан беа убиени две лица.