1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Ден пред избори - борба за гласови до „последен здив“

ЕМФ/ард21 септември 2013

Борбата за гласови во Германија се води и на последниот ден пред изборите. Врвните политичари на ЦДУ, ФДП и СПД уште еднаш ќе се обидат да образложат зошто е добро да се се гласа за нив.

https://p.dw.com/p/19lVB
Фотографија: picture-alliance/dpa

Канцаларката Ангела Меркел последниот предизборен настап го има во својата изборна единица, во Штралзунд. Кандидатот на социјалдемократите за канцелар, Пер Штајнбрик ќе зборува во Франкфурт на Мајна, додека пак либералите (ФДП) својата изборна кампања ја завршуваат во Диселдорф, со настап на министерот за надворешни работи Гидо Вестервеле и лидерот на партијата Филип Реслер.

Кој со кого?

Најновите анкети покажуваат дека Меркел може да се надева на уште четири години на власт, но сосема е отворено кој би можел да и‘ биде коалиционен партнер. ФДП се надева дека ќе остане во Бундестагот и дека ќе продолжи црно-жолтата коалиција. Унијата (ЦДУ и ЦСУ) се надева исто така на продолжување на коалицијата со либералите, но одбива да апелира до избирачите својот втор глас да го дадат за ФДП.

СПД и Зелените официјално стремат и натаму кон црвено-зелена коалиција, иако анкетите тоа не го поткрепуваат со бројки. СПД не сака во евентуална коалиција да ја вклучи и Патријата на левицата.

Bundestagswahl 2013 Wahlplakate CDU FDP SPD Merkel Brüderle Steinbrück
Фотографија: imago/Manngold

Зелените веќе ја завршија предизборната кампања во текот на вчерашниот ден (20.09). Тие, и покрај лошите предизборни рејтинзи, тврдат дека воопшто ништо не е „веќе одлучено“. Врвниот кандидат на Зелените Јирген Тритин за „Цајт онлајн“ изјави дека целта е да се постигне подбар резултат од претходните избори во 2009-тата, кога неговата партија освои 10,7% гласови.

И Партијата на левицата својата кампања ја заврши вчера. Шефот на пратеничката група на левицата, Грегор Гизи, рече дека неговата партија е единствената која се одвојува од останатите по своите ставови околу социјалната праведност и ангажманот за мир. Тој изрази надеж дека Партијата на левицата повторно ќе успее да освои директни мандати, особено во Берлин. На последните избори Партијата на левицата победи во четири изборни единици, а овојпат, според Гизи, би требало да се постигне уште подобар резултат.

Од 8:00 до 18:00

Утре (22.09) 61,8 милиони граѓани со право на глас ќе одлучат кој ќе владее во наредните четири години во Германија. За место во парламентот се натпреваруваат 34 партии, со околу 4500 кандидати. Изборните места се отворени од 8:00 до 18:00 часот.