Делови од Албанија и натаму под вода
4 декември 2017Реклама
Повеќе од три илјади домови, 56 училишта и 16 илјади хектари хектари земјоделско земјиште се најдоа под вода по големите поплави кои ја зафатија Албанија. Надлежните испратија околу 6.500 полицајци и војници во погодените подрачја околу излеаната река Вјоса. Најмалку едно лице загина во поплавите кои започнаа во петокот минатата недела по поројните дождови кои ја зафатија земјата. Привремено беа затворени и единствениот меѓународен аеродром во земјата како и неколку пристаништа.