1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Двајца Израелци меѓу жртвите во Брисел

ЕМФ/ард/дв25 мај 2014

Двајца Израелци се меѓу жртвите од вчерашниот (24.05) напад во Еврејскиот музеј во Брисел. Се работи за средовечна двојка туристи од Тел Авив, соопшти израелското Министерство за надворешни работи.

https://p.dw.com/p/1C6R8
Фотографија: picture-alliance/dpa

Во нападот што се случи вчера (24.05) во центарот на Брисел застрелани беа две жени и еден маж. Четврто лице, според наводи на белгиската министерка за внатрешни работи Жоел Милке, е „многу тешко“ повредено.

Напаѓачите влегле во музејот во текот на попладнето и „прилично брзо отвориле оган“ беа да бираат цели, соопшти Милке. Се претпоставува дека нападот има антисемитистички мотиви. Европски политичари и израелската влада ја изразија својата шокираност од атентатот. Според израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, вакво дело е „резултат на перманентното подбуцнување против Евреите и нивната држава“.

Belgien Shooting in der Nähe des Jüdischen Museums in Brüssel 24.05.14
Фотографија: Reuters

Белгискиот премиер Елио Ди Рупо на еврејската заедница во земјата и‘ вети поддршка. „Сите Белгијци се обединети“, изјави тој.

Инаку, неколку часа по нападот обвинителството објави дека има едно уапсено лице, но подоцна стигна информација дека уапсениот бил всушност испитуван како сведок. Истрагата сега се концентрира на човек кој по пукањето се оддалечил пеш од местото на настанот.