Да се продаде синот за подобар живот?
25 јануари 2013Судбината на двеиполгодишниот Д.С од Бјелина, кој успешно се опоравува во болница, е неизвесна. Полицијата, лекарите и социјалните работници ја извршија веќе и ќе ја извршуваат својата работа, толку колку што е можно во оваа земја. Сега е на ред правосудството, да ги санкционира виновниците за кривичнитедела трговија со луѓе и насилство кон дете.
Инспекторите разговараа и со мајката, блиските и подалечните роднини, соседи. Се чека одговор на прашањата кој го продал детето и зошто, кој го претепал, кој му ја скршил раката и го користел за питачење? Во надлежност на обвинителството е да утврди дали мајката го продала своето дете, го препуштила на тегобната судбина, а потоа заминала во Шведска?
Санкција на вината и помош на жртвата
Весна Савиќ, правник во Центарот за социјална работа во Бјелина, се надева дека новиот закон за заштита од насилство во семесјтвото ќе овозможи адекватно казнување на виновниците:
„Секоја форма на физичко насилство не претставува веќе само прекршок, како што беше порано, туку кривично дело кое натаму се процесуира во кривична постапка. Исто така, нагласена е и засилената заштита на детето како можна жртва на насилство. Досегашниот закон не предвидуваше дека детето во секој случај е жртва на насилство. Некаде се правеше разлика меѓу директните и индиректни жртви на насилство, а новиот закон наведува-детето секогаш е жртва, без оглед дали било директно или индиректно изложено на некоја постапка на насилство или не“.
Правникот Савиќ истакнува дека на детето му се одредува старател, а новиот Закон за социјална заштита пружа повеќе можности за подобра социјална помош на жртвите на насилство.
Положбата на Ромите во БиХ
Во БиХ според проценките живеат околу 60 илјади Роми, од кои околу 3500 во Бјелина. Наспроти потпишаните повелби и напорите, положбата на овие граѓани во земјата не е битно изменета. Во најголем дел тие се невработени, многу од нив собираат секундарни суровини или питаат, а се‘ повеќе заминуваат во странство.
„Да не се секундарните суровини, не знам што би можеле да направиме ние со Ромите во БиХ. Ние се снаоѓаме како-така, па Ромите преживуваат неккао“, вели Хамдија Хусиќ, претседател на Здружението на Ромите „Биди ми пријател“. Тој својата куќа и имотот ги заработил во Австрија, но тврди дека мнозинството Роми тешко живее, а односот на власта кон Ромите може и би требало да биде далеку подобар.
Тие не ја гледаат својата иднина во земјата
Слично размислува и Драган Јоковиќ, извршен директор на Здружението на граѓани за промоција на образованието на Ромите „Отахарин“ („Утро“), кој веќе десетина години се занимава со проблемите на ромската популација. Тој го осудува случајот на продажба на детето, сметајќи го за драстичен пример на очај и бегство во подобар живот. Тој вели дека Ромите се на работ на сиромаштијата и се‘уште дискриминирани на сите полиња. Невработеноста кај нив изнесува 99 проценти, а по почетните успеси во афирмацијата на образованието, според Јоковиќ, состојбата сега се влошува.
„Луѓето губат верба во образованието како еден од излезите. Тие се обидуваат своите права да ги остварат некаде на Запад. Ромите не се чусвтвуваат овде удобно, не гледаат некакава посветла иднина, неа ја бараат во странство. Ако отидете во ромска населба, ќе ги видите условите за живот, ако дојдете в град, ќе го видите нивото на дискриминација и предрасуди кон Ромите. Без оглед на сиромаштијата и на се‘, се гледа дека не се прифатени“.