1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Дали Евросонг ќе донесе демократија во Азербејџан?

СН/АТ/мс/дпа/аи9 април 2012

Во главниот град на Азербејџан, повеќе илјади опозиционери демонстрираа против политиката на претседателот Илхам Алијев. Два месеци пред одржувањето на Евросонг побарано е ослободување на политичките затвореници.

https://p.dw.com/p/14ZkW
Quelle: http://www.eurovision.tv/img/upload/news/2012/Themeart/themeart_full_horizontal_black.jpg
Фотографија: ebu

Претседателот на опозициската партија „Мусават“, Иса Гамбар за време на протестите во Баку предупреди, дека во случај владата да не спроведе демократски реформи, на улица ќе излезат повеќе стотици илјади луѓе. Агенциите јавуваат дека владејачкиот режим се обидел да го спречи оддржувањето на протестите: автобускиот сообраќај кон местото каде се оддржуваа демонстрациите бил прекинат, улиците затворени, а демонстрантите биле строго контролирани и снимани со видео камери. На новинарите истотака им било забрането да ги снимаат демонстрациите од околните високи згради. Според зборовите на новинарката Кадија Исмајил, уапсени биле 12 активисти и се’ уште ништо не се знае за нивната судбина.

Со песна за демократија

Во главниот град на поранешната советска република во мај се оддржува „Изборот на песна на Евровизија“. Невладините организации од Азербејџан со кампањата „Пеј за демократија“ сакаат да го свртат вниманието на меѓународната јавност на состојбата со човековите права во Азербејџан. Според информациите на азербејџанскиот комитет против тортура, минатата година во затворите и во полициските станици се регистрирани 136 случаи на измачување.

Ополномоштеникот на германската влада за прашања на човековите права Меркус Ленинг, повеќепати има укажано на битни недостатоци во почитувањето на граѓанските и политичките права во Азербејџан. Ленинг истотака побара ослободување на политичките затвореници во земјата.

Во Азербејџан е познато дека семејството на претседателот Илхам Алијев е ангажирено во стопанската сфера и оти тесните контакти со други угледни семејства и со властите ги користи за да ја отстрани несаканата конкуренција.

Критики на сметка на ЕУ

Организацијата за заштита на човековите права, Амнести Интернешнл во актуелниот извештај ја критикуваше Европската Унија и останатите партнери на Азербејџан дека ги игнорираат повредите на човековите права во земјата. Амнести Интернешнл наведува дека ЕУ би требало да и стави крај на пасивноста и јасно да ги повика азербејџанските власти да запрат со притисокот врз мирните противници на режимот.

Продемократските активисти во Баку се надеваат дека пред оддржувањето на годинешниот Евросонг ќе бидат ослободени политичките затвореници. Меѓутоа речиси никој не се надева дека во Азербејџан ќе се промени што било кога европските рефлектори неколку дена ќе бидат вперени во Баку.