Гугл бележи зголемен профит
13 април 2012Американскиот интернет концерн Гугл ги зголеми приходите во првиот квартал на 2012 година за 24 процент. Изразено во пари тоа е 10,65 милијарди долари. Минатата година приходите изнесуваа 8,58 милијарди долари.
„Ние видовме огромен импулс од големите влогови што ги направивме во производи како Андроид, Хром и ЈуТјуб. Ние сме се’ уште во раните фази на тоа што технологијата може да го направи за подобрување на животот на луѓето и пред нас се огромни можности", рече шефот на Гугл Лари Пејџ.
Најголемиот дел од приходите доаѓаат од рекламите, сфера во која овој концерн е водечки. Основачите на Гугл Лери Пејџ и Сергеј Брин ги претставија и плановите за нова структура на акции, со кои треба да биде обезбедено влијанието на Гугл и во иднина. Според плановите, актуелната акција на Гугл би требало да биде поделена на хартија со право на глас и хартија без право на глас.
Цената на акцијата на Гугл постојано расте, откако таа излезе на берзата во 2004. Пејџ укажа дека раководството мора да осигура Гугл во иднина да остане успешна и растечка компанија. Фокусот сега се става на новата социјална мрежа „Гугл плус“.
„Гугл плус е во сржта на нашите напори да креираме едноставно, интуитивно иксуство за сите наши корисници“, рече Пејџ, додавајќи дека него го користат повеќе од 170 милиони луѓе, а пребарувачот Хром го користат 200 милиони лица. Речиси 850.000 смартфони и таблет компјутери ја користат Андроид платформатаа видео каналот ЈуТјуб е посетуван месечно од повеќе од 800 милиони корисници.