1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Груевски бара австриски инвестиции во Македонија

БГ/миа19 февруари 2014

Македонскиот премиер на форум во Виена порача дека ќе помогне Австрија да стане најголем инвеститор во земјата. Следува бизнис- форум и во Минхен.

https://p.dw.com/p/1BBLA
Фотографија: MIA

„Австрија во моментов е втор најголем инвеститор во Македонија. Ние сме овде за да помогнеме таа да стане првa. Овде сме да им дадеме информации на компаниите кои сакаат да ги искористат можностите што ги нуди Македонија“, истакна македонскиот премиер Никола Груевски на бизнис форумот што Владата во соработка со Фајненшл Тајмс го организираше синоќа во Виена.

Обраќајќи се пред стотина австриски бизнисмени, Груевски изјави дека Македонија има стабилна економија, стабилна валута, низок долг од 34,3 проценти од БДП што, како што рече, е многу важно во актуелната ситуација на криза во еврозоната.

Груевски ги покани австриските бизнисмени да дојдат во Македонија и да се уверат во можностите за инвестирање што им ги нуди, ветувајќи дека Владата ќе направи се‘ за да им помогне да ги реализират своите бизнис планови.

По Виена, следува бизнис форум и во Минхен, четврти по ред што Владата го организира во соработка со угледниот Фајненшл Тајмс. Првите два беа во Лондон и Париз, во декември минатата година.