1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Вообичаен спектакл и по некое изненадување

Оливер Салет/ С. Недевски9 февруари 2015

Британскиот кантавтор Сем Смит триумфираше на годинешното доделување на наградите Греми. Тој освои четири статуетки на најпрестижното музичко признание во светот, меѓу другото и за најдобар нов уметник.

https://p.dw.com/p/1EYFk
Фотографија: Getty Images/Robyn Beck

Сем Смит дури четирипати беше повикан на сцената. Од пред кратко време овој 22 годишен Британец важи за новајлија а веќе сега е на самиот врвот. Најдобра снимка и најдобра песна на годината е неговата „Stay with me“.

„Во моментов се чувствувам како Кејт Винслет на доделувањето на Оскарите. Никогаш не сум направил вакво нешто, не знам како да реагирам сега, сензационално“, изјави британскиот кантавтор.

Погледнете го и видеото на оваа тема:

Вообичаен спектакл и понекое изненадување

Изненадување на вечерта: Греми за „Албум на Годината“ освои американскиот пејач Бек за "Morning Phase". Тој беше видно изненаден.

Всушност во оваа категорија надежи за победа имаше Бјонсе. Наместо тоа таа освои Греми за најдобра R&B- песна- со "Drunk in Love".

Bildergalerie Show Grammy Awards 2015
БекФотографија: Getty Images/Kevork Djansezian

Фарел Вилијамс беше награден во дури три категории. Неговиот настап со Ланг Ланг на пијано и песната "Happy".

Доделувањето на Греми наградите беше и рандеву на големите имиња од светот на рок и поп музиката. Шоуто го отворија AC/DC на чело со фронтменот Брајан Џонсон.

Bildergalerie Show Grammy Awards 2015
МадонаФотографија: Getty Images/Robyn Beck

А и Мадона не смееше да отсуствува. Поп-кралицата имено сѐ уште има истенчено чувство за откачен настап.

Но вистинската ѕвезда на вечерта беше Сем Смит кој уживаше во прославувањето на неговиот и успехот на неговата песна на годината.