1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Граѓански марш за достоинствен живот

БГ
11 октомври 2016

Под мотото „Борбата продолжува - гласот победува!“ денеска во Скопје ќе се одржи граѓански марш кој го организираат најголемата опозициска партија СДСМ и граѓански здруженија и поединци.

https://p.dw.com/p/2R6La
Mazedonien Mazedonier Menschen Skopje Mazedonische Garde Madezonische Flagge
Фотографија: MIA

Граѓаните денеска ќе маршираат во Скопје по повод празникот 11 октомври. Како што беше најавено претходно, ќе се маршира против сиромаштијата, за повисоки плати, за работни места, за млади кои сакаат да живеат во родната земја, за правда и правичност, за еднаквост, ќе се маршира во Скопје на 11-ти октомври.

„Ја потврдуваме нашата решеност да се избориме за достоинствен живот во својата земја. Ќе маршираме за борба против сиромаштијата, за повисоки плати, за работни места, за млади кои сакаат да живеат во  родната земја. Ќе маршираме за правда и правичност, за еднаквост, ќе маршираме за граѓанскиот глас“, рече лидерот на СДСМ, Зоран Заев најавувајќи го протестот. Иницијатори на маршот се уште и Вера Бунтеска, Златко Ориѓански, Томче Кежаровски, Ирена Ристиќ, Бени Шакири, Атанас Костовски и Влатко Васиљ. 

Маршот ќе започне кај крстосницата во близина на новото седиште на Специјалното јавно обвинителство во Скопје, а ќе кулминира пред Собранието каде ќе се одржат и говори.

Најавувајќи го маршот Заев рече дека тој е предвесник на промените во Македонија и се одржува на 11 октомври - датумот симбол на борбата за слобода.