Граѓаните на Албанија сакаат промени и влез во ЕУ
28 јуни 2009Реклама
На списоците стојат 4.000 кандидати од преку 40 партии и изборни сојузи. Главната битка меѓутоа ќе се води меѓу Демократската партија на актуелниот премиер Сали Бериша и опозиционите Социјалисти на градоначалникот на Тирана, Еди Рама. Изборите ги следат околу 3.000 набљудувачи, а нивниот регуларен тек ќе има голема важност за натамошните перспективи на Албанија за интеграција во ЕУ. Од паѓањето на комунизмот во 90-тите години сите избори во Албанија беа проследени со насилство.
На овие избори за прв учествува и партијата на македонското малцинство и тоа во изборната коалиција на владечаката партија на премиерот Сали Бериша. Повеќе детали од следниот аудио-прилог.
Автор: Вера Тодоровска
Редактор: Горан Чутаноски