1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Голманите се како коцкари

AT/ дв12 август 2014

Научниците под лупа ги ставија сите пенали на СП и на ЕП во фудбал по 1976 година. Резултатот гласи: Голманите се подложни на „коцкарската заблуда“ и се фрлаат во погрешна насока. Научниците велат: Тоа може и подобро.

https://p.dw.com/p/1CsrU
Во осминафиналето на СП во Бразил Холандија го победи Мексико во изведување пеналиФотографија: Reuters

Изгледа помалку како во казино, кога кугличката од рулетот повеќепати едно по друго паѓа на црвено. Коцкарите веднаш реагираат на тоа, така што своите жетони ги ставаат на црно. Тие имено имаат чувство дека сега е поголема веројатноста кугличката да падне на црна бројка. Математички тоа се разбира е бесмислица. Имено секој пат кога се врти тркалото на среќата веројатноста да се запре кугличката на црно или црвено поле е еднаква - освен ако рулетото не е механички манипулиран.

Погрешната претпоставка - имено дека веројатноста на исходот се изведува на основа на претходни случаи психолозите ја нарекуваат gambler's fallacy, коцкарска заблуда. Истражувачите од лондонскиот универзитет сега открија дека дури и фудбалерите од светска класа наседнуваат на оваа заблуда и тоа го објавија во стручното списание Current Biology.

Стручњаците ги прегледале сите фудбалски натпревари на светските и европските првенства по 1976 година, кои по продолжувањата завршиле со изведување на пенали. При тоа тие открија дека по неколку удари на противникот во еден агол, голманот значително почесто се фрла на спротивна страна - очигледно во очекување дека следниот удар веројатно ќе оди во тој правец. Научниците велат дека појавата е толку јасна, што фудбалерите кои изведуваат пенали тоа навистина би можеле да го искористат.

Кога се работи за пенали, тука важи истото правило како и кај многу други игри, како што се покер или лист-камен-макази: од клучно значење за противникот е да бидете непредвидливи. Научниците од Лондон препорачуваат голманот пред изведување на пеналот да одлучи на која страна ќе се фрли - и од тоа да не отстапува.