Големо снежно невреме во Хрватска
13 октомври 2016Реклама
Завижан е еден од најпознатите локалитети во Националниот парк северен Велебит во Хрватска. Се наоѓа на надморска висина од 1.594 метри, каде што е сместен и Планинарскиот дом. Поради непредвидливата клима во овој дел од земјата, неретко се случува снегот да изненади во октомври, како годинава, па дури и порано.