1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Глигоров ја добива наградата „Хуманист на 20 век“

Зоран Пиролиќ20 септември 2007

На поранешниот македонски претседател Киро Глигоров вечерва во Сараево на пригодна свеченост ќе му биде доделена наградата „Хуманист на 20 век“. Наградата покрај Глигоров ја добиваат уште тројца државници.

https://p.dw.com/p/Bhra
Поранешниот претседател на Македонија Киро ГлигоровФотографија: dpa

Највисокото признание на Меѓународната лига на хуманисти им се доделува на четворица државници за извонреден придонес за воспоставување мир, разбирање и соработка меѓу народите и државите во регионот. Поранешниот македонски претседател Киро Глогоров наградата ќе ја прими вечерва во Сараево, а покрај него таа им се доделува и на поранешните претседатели на Чешката Република и Словенија Вацлав Хавел и Милан Кучан, а меѓу наградите е и хрватскиот претседател Стипе Месиќ. На церемонмијата се очекува да присуствуваат сите, освен Хавел, кој не допатува во главниот град на Босна и Херцеговина од здравствени причини.

Уго Влаисављевиќ, претседател на организациониот комитет на Меѓународната лига на хуманисти, како посебно факт го извојува „Значајно е да се нагласи тоа што сосема сигурно има една новина во политичка смисла, дека тоа е посета на цивилното општество, на едно здружение. Ова не е посета на државните структури на Босна и Херцеговина.“

Меѓународната лига на хуманисти инаку е независна меѓународна асоцијација на угледни научници, јавни личности од општествениот живот и културата како и официјални верски преставници од сите делови на светот. Меѓу основачите на органзацијата се американскиот носител на Нобелова награда за хемија и за мир Линус Паулинг, претседателот на Римскиот клуб Аурелио Пецеи, индиската писателка Софија Вадиа и хрватскиот научник Иван Супек. Цел на органзацијата е со зедничко дејствување на видните членови гради мир, доверба и демократија во светот.