1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Германскиот вицеканцелар на Мајдан

АТ/ЕМФ/афп/дпа7 март 2014

Германскиот министер за економија и вицеканцелар Зигмар Габриел од Русија отпатува за Украина. Германското стопанство е загрижено околу односите со Русија.

https://p.dw.com/p/1BLrD
Фотографија: picture-alliance/dpa

При посетата на плоштадот Мајдан во Киев германскиот министер за стопанство и вицеканцелар Зигмар Габриел ги повика Eвропејците да ѝ пружат поддршка на Украина. Земјата, на пример, би можела да извезува струја кон Полска, предложи Габриел по средбата со украинскиот премемиер Арсениj Јацењук. Иако, за тоа сепак недостасуваат соодветни мрежи, призна политичарот.

Габриел вчера беше првиот висок по ранг политичар од една западна влада кој од почетокот на кризата на Крим се сретна со рускиот претседател Владимир Путин. Детали за разговорот со Путин не се соопштени, но по завршувањето на средбата Габриел пред новинарите рече: „Ако постојано има нови провокации, тогаш временскиот прозорец за дипломатско решение некогаш ќе се затвори. На прагот сме на опасноста Европа повторно да се врати во времињата на Студената војна.“

Загриженост меѓу стопанствениците

Кај германските стопанственици во меѓувреме расте загриженоста, дека конфликтот околу полуостровот Крим би можел да има последици за Германија. „Санкциите за нас не се опција“, рече шефот на Германската индустриска и трговска комора (DIHK), Мартин Ванслебен за радиото Дојчландфунк.

Претседателот на минхенскиот Ифо-институт Ханс Вернер Зин во весникот „Пасуаер ноје пресе“ предупреди дека со оглед на бавниот енергетски пресврт, Германија во догледно време воопшто не може да се откаже од рускиот гас. Русија, покрај Норвешка, е најважниот лиферант на енергија во Германија.