1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Берлин: Ве молиме, имињата на вашите тајни агенти

ЖА/дпа/афп9 август 2014

Германската влада, според онлајн-изданието на „Шпигел“, официјално побарала од сите дипломатски претставништва во Берлин да достават листи со имињата на нивните тајни агенти кои работат во државата.

https://p.dw.com/p/1CrmZ
Фотографија: fotolia/imageteam

Официјален Берлин побарал од дипломатските претставништва во Германија да достават имиња на сите активни тајни агенти кои работат во таа држава, објави онлајн-изданието на неделникот „Шпигел“.

Медиумот наведува дека Берлин во средата до сите амбасади испратил нота во која се бара „список на имиња на сите активни агенти“. Во барањето се вклучени странските конзуларни претставништва, куктурните институти и можните тајни служби кај странските трупи стационирани во Германија.

Германското МНР не ги негираше наводите на весникот. Потегот е преземен како последица од најновата афера со шпионирање од страна на САД, кога беше откриен двоен агент во германската тајна служба БНД, кој работел и за Американците, и врбуван вработен во германското Министерство за одбрана во Берлин. Според „Шпигел“, нотата до странските амбасади е израз на фрустрацијата на Берлин по зачестеното негирање на Вашингтон дека американски агенти ги шпионирале највисоките германски официјални лица. Барањето е само еден месец откако Берлин побара од шефот на ЦИА во државата да ја напушти Германија по откривањето на два случаја на американско шпионирање германски официјални лица, наведува весникот. Министертвото за надворешни работи на Германија за цел има „заедничко констатирање на фактичката ситуација“. Владата очекува на нејзината нота „да одговорат сите адресанти“. Според „Шпигел“, во Германија само за САД работат околу 200 тајни агенти со дипломатски пасош.