Германската влада треба да донесе одлука за продолжување на ангажманот во Авганистан
19 септември 2007Реклама
Сојузната германска влада денеска треба да донесе одлука за продолжување на германските ангажмани во рамките на НАТО трупите во Авганистан. Од досегашните два мандата во индина треба да биде еден: едниот ја регулира мисијата на до 3000 војници на Бундесверот претежно ан Север на Авганистан. Вториот мандат ја опфаќа мисијата на торнадата во целата земја. За оддржување на млазните авиони предвидени се уште дополнителни 500 војници. Мандатите истекуваат на средината на октомври. Сојузната влада има намера да ги продолжи за една година. Одлуката на Бундестагот треба да се донесе на 12 октомври.