1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

"Германија може повеќе" - Конгрес на ЦДУ

1 декември 2003
https://p.dw.com/p/AdNL
Претседателот на Христијанско демократската Унија, Ангела Меркел има намера да ја доведе Германија повторно меѓу земјите предводнички на развојот во Европа. За таа цел таа пред делегатите на партискиот конгрес што денеска почна во Лајпциг најави сеопфатна реформска програма за наредните 10 години. Меркел во прорамскиот говор пред околу 1.000 делагати на Конгресот не ја пропушти приликата да упати остра критика на адреса на актуелната црвено-зелена коалиција во Берлин.

"Ние можеме повеќе. Германија може повеќе. Ајде да покажеме што се содржи во оваа реченица, да ги здружиме сите сили и да предизвикаме нов почеток во земјата, да и' го дадеме она што таа го заслужува - а тоа е политика што знае врз кои основи гради и која е насочена кон иднината" - ги повика делегатите на партискиот конгрес Ангела Меркел, најавувајќи го најголемиот и најсеопфатен реформски пакет на ЦДУ во подолг период.

Тоа е впрочем централната точка на целиот Конгрес, што се одржува во Лајпциг денеска и утре, под мотото "Германија може повеќе".

"Вистината во овој момент и на ова место е навистина беспоштедна: Германија се наоѓа на раскрсница. Или ние Германците ќе бидеме прегазени од светските промени или пак ќе успееме да соучествуваме во обликувањето на тие промени. Јас посакувам Унијата да го преземе кормилото на таа промена" - нагласи Меркел.

Таа уште еднаш ја нагласи и неопходноста од тесна соработка со сестринската Христијанско социјална Унија и лично му се заблагодари на нејзиниот шеф Едмунд Штојбер за добрата соработка. Со тоа Меркел им се спротистави на неодамнешните спорови меѓу пшолитичарите на двете партии околу одделни точки на реформските планови.

Во говорот пред делегатите шефот на најголемата опозициона партија се осврна и на неодамнешното исклучување на пратеникот Мартин Хоман поради неговите антисемитистички изјави:

"За една ваква партија, зборувам за Христијанско демократската Унија, кон постојаното меѓусебно помирување меѓу Германците спаѓа и постојаното признавање на она околу што не може да има помирување, а тоа е единственоста на холокаустот. Затоа што го признавме тоа, денес сме слободни, обеднети и суверени" - нагласи Меркел.

Христијанско-демократската Унија и понатаму бележи загуби во бројот на членови. Во моментов таа брои 589.000 членолви, што е загуба за околу 20.000 членови во последните две години. На врвот на популарноста по обединувањето во 1990. година, дури 750.000 Германци имаа партиска книшка на христијанските демократи.