1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Генетски истражувања им донесоа нобелова награда

8 октомври 2007

Со објавувањето на нобеловата награда за медицина, денеска започна “сезоната“ на нобелови награди. Двајца Американци и еден Британец се 106-те добитници во областа на медицината. Со што ја заслужија?

https://p.dw.com/p/BnqZ
Dr. Oliver Smithies, Excellence Professor of Pathology and Laboratory Medicine at the University of North Carolina at Chapel Hill in seen in this undated photo provided by The University of North Carolina. Smithies, American Mario R. Capecchi and Briton Martin J. Evans won the 2007 Nobel Prize in medicine on Monday, Aug. 8, 2007 for developing a technology for manipulating genes in mice. (AP Photo/Dan Sears/University of North Carolina News Services, No Sales)Фотографија: AP

За истражувања во областа на генетиката, американските професори Марио Капечи и Оливер Смајтис и Британецот Мартин Еванс, ја добиваат годинешната нобелова награда за медицина. Во објаснувањето од шведскиот Каролинска институт стои.

“Со истражување на генетски модификации кај глувци со помош на ембрионални матични клетки придонесоа да се дојде до нова технологија со која се влијае врз гените на глувците”.На тројцата лауреати им успеало буквално да “исклучат од функција” одредени гени за да може одвоено да се истражи нивната улога во здравјето и болестите. Преку ова таканаречено таргетирање на гени може да се истражат речиси сите аспекти од психологијата на цицачите. Истражувањето на Капечи било насочено кон улогата на гените во развојот на органите кај цицачите при што ја открил причината за неколку абнормалитети при раѓање. Работата на Еванс помогнала преку истражувањето на ефектите од генетска терапија. Смајтис исто така работел на таргетирање на гени при крвни болести и зголемен притисок.

Започна “нобеловската недела”

Со доделувањето за наградата за медицина се отвора “нобеловата недела”. Од 8 до 15 октомври јавноста ќе ги дознае носителите на наградите за фундаментални откритија во областа на физиката, хемијата, литературата и наградата за мир. Наградите ги воспоставил шведскиот научник и бизнисмен Алфред Нобел и се дотирани со 1,54 милиони долари. Церемонијата за врачување на Нобеловите награди по традиција се одржува на 10 декември на годишнината од смртта на Нобел, и тоа во Стокхолм и во Осло. За првпат се доделени во 1901 година.