1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Историја

Генерацијата 99 има моќ нешто да промени

Вјоса Ќеркини
12 јуни 2019

Во рамки на проектот на Дојче веле „Генерација 99“ млади од Белград и од Приштина родени во 1999 година се запознаа, дружеа и дискутираа за иднината во Скопје и во Куманово.

https://p.dw.com/p/3KEGk
DW-Projekt #Generation99 - Studenten aus Serbien (Belgrad) und Kosovo (Pristina) in Skopje und Kumanovo (Nordmazedonien)
Фотографија: DW/J. Djukic Pejic

Родени се во 1991 година, во годината на бомбардирањето и војната и денес се студенти прва година на факултети во Белград и во Приштина. Тие го направија првиот чекор и имаа средба на неутрална територија - во Скопје и во Куманово, на дваесеттата годишнина од потпишувањето на Кумановскиот договор, со кој во 1991 година е завршена војната и НАТО-бомбардирањето.

DW-Projekt #Generation99 - Studenten aus Serbien (Belgrad) und Kosovo (Pristina) in Skopje und Kumanovo (Nordmazedonien)
Фотографија: DW/J. Djukic Pejic

За време на дискусијата во зградата на Општината на Куманово која ја снимаше екипа од Радио-телевизија Косово и наскоро ќе биде прикажана на албански и на српски јазик на оваа телевизија, како и на интернет страниците на ДВ, и едните и другите ги повикаа лидерите на државите да работат на иднината, но и да не го заборават минатото. 

Повеќе за средбата на „Генерацијата 99“ во следниов видео-прилог:

Студенти од Србија и од Косово заедно во Куманово

Вјоса Ќеркини
Вјоса Ќеркини Се занимава главно со теми од Косово, другите балкански земји и нивните односи со Западот