1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Габриел смета дека Вестервеле „нема достоинство“

27 август 2011

Во дебатата околу германската политика кон Либија, шефот на опозиционите социјалдемократи, Зигмар Габриел, остро го критикуваше министерот за надворешни работи Гидо Вестервеле.

https://p.dw.com/p/12Ob1
Зигмар ГабриелФотографија: dapd

Она што го зборува Вестервеле, како да неговите претходни одлуки довеле до пад на Гадафи, е едноставно „немање достоинство“, изјави шефот на СПД Зигмар Габриел за весникот „Рајнише Пост“. Уривањето на Гадафи се должи на храброста на многу луѓе, кои не стравувајќи за животот се бореа против режимот на Гадафи. Тоа нема врска со владата на Ангела Меркел или со нејзиниот „дезориентиран министер за надворешни работи“, оцени Габриел.

Министерот за надворешни работи Гидо Вестервеле, во текот на изминатите денови, постојано повторуваше дека одлуката на Германија да не учествува во воената операција на НАТО во Либија била исправна. Германија се заложи за меѓународна изолација на Либија и за воведување санкции, што конечно, и имаше резултат, рече Вестервеле.

Автор: ЕМФ/дв

Редактор: Т.Тосев