Вучиќ во болница
16 ноември 2019Реклама
Според соопштението од кабинетот на српскиот претседател, Александар Вучиќ бил хоспитализиран поради проблеми со срцето. Тој во болница се наоѓа од вчера доцна попладне.
Советничката на српскиот претседател, Сузана Васиљевиќ, за телевизијата РТС потврди дека здравствената состојба на Вучиќ е стабилна, но дека тој се’ уште е на Военомедицинската академија поради претпазливост. Други информации за здравјето на српскиот претседател засега нема.
Досега не беше јавно познато дека Вучиќ има проблеми со срцето. Медиумите досега информираа само дека има зголемен крвен притисок.
Александар Вучиќ е избран за претседател на Србијаво 2017 година. Претходно три години беше премиер на земјата.