1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Вселенскиот патријарх Вартоломеј се залага за православно единство

АТ/ миа/макфакс10 април 2012

Македонскиот претседател Ѓорге Иванов и вселенскиот патријарх Вартоломеј на денешната средба во Цариградската патријаршија во Истанбул разговараа за проблемите со кои се соочува МПЦ - ОА.

https://p.dw.com/p/14aPV
Вселенскиот патријарх ВартоломејФотографија: picture-alliance / dpa/dpaweb

Македонскиот претседател Ѓорѓе Иванов изрази надеж дека прашањето на МПЦ - ОА ќе биде надминато низ дијалог со заемно почитување во духот на христијанството и оти македонските верници ќе си го заземат своето место во православната екумена.

„Црковните прашања си ги решаваат црквите. Ние сме политичари и сме ограничени со мандат.  Црковните прашања кај црквата немаат ограничувања и тоа е процес, кој ме радува што тече и кога - тогаш црквите ќе си го најдат своето решение“, изјави Иванов.

Mazedonien Präsident Gorgi Ivanov
Претседателот ИвановФотографија: Petr Stojanovski

Вартоломеј од своја страна истакнал оти неговите мисли и молитви и неговиот ангажман се во насока за надминување на братските недоразбирања и постигнување православно единство. Тој упатил честитки до претседателот Иванов, меѓу другото, и за дијалогот и толеранцијата на различностите.

Претседателот Иванов престојува во Истанбул поради учество на Конференција на Алијансата на цивилизации, и на 15-от Евроазиски економски форум во организација на фондацијата Мармара. Главни теми на тридневниот форум годинава се економијата, екологијата и одржливиот развој, со акцент на периодот по економската криза, енергијата - технолошките иновации и иднината на зелената енергија, како и интеркултурниот дијалог – култура на мир.