Во СПД и натаму врие
11 февруари 2004Реклама
Германскиот сојузен канцелар Герхард Шредер побарал од пратениците на неговата Социјалдемократска партија крај на дискусиите околу реконструкција на кабинетот,како што известува "Заксише цајтунг". По неговата оставка од челното место во партијата во петокот,во неа се погласни стануваат барањата за реконструкција на владата. Во СПД инаку и натаму врие.Иако идниот нов шеф Франц Минтерферинг вети поголем мир,тој вчера во Берлин беше разочаран.Но,од сојузната фракција му беше порачано да се бори натаму за единственост во редовите на партијата.Истовремено заменикот партиски шеф и министер за стопанство Волфганг Клемент,ги демантира шпекулациите околу свое повлекување.
Волфганг Клемент со брзи чекори и без зборови ги одмина новинарите,канцеларот го користеше задниот влез за седницата на фракцијата.Целиот ден вриеја гласини дали министерот за економија Волфганг Клемент всушност размислува околу својата оставка во партиското раководство.Потоа дојде разјаснување,барем за момент: -Прашањето за откажување од местото заменик претседател на партијата моментно не е тема на расправа,мојата главна тема и натаму е продолжување на реформскиот процес,се работи за тоа да се спроведе курсот на реформите и тоа без отстапки во тоа. Клемент веројатно смета дека без партискиот шеф Герхард Шредер ќе добие уште помалку поддршка за неговиот реформски курс.Уште минатите месеци во партијата Клемент го биеше студен ветер.Тој е премногу пријателски наклонет кон економијата,неговите консеквентни ставови не им се допаѓаа на многумина другари. Колку е Клемент спорен во партијата покажа и партискиот собир во Бохум во ноември.Тој тогаш беше реизбран за заменик шеф,но со мизерен резултат. Во партијата продолжуваат кавгите и околу тоа како да оди продолжувањето на реформскиот курс.Франц Минтерферинг вчера пред седницата на фракцијата остана на тоа-плановите на Герхард Шредер треба да бидат продолжени онака како што се и да бидат остварени: -Реформите одат натаму,чекор по чекор,дел по дел. Идниот генерален секретар на СПД Клаус Уве Бенетер,кој вчера беше поздравен од многумина пратеници со одушевување,делуваше помалку несигурно во однос на изгледот на неговата главна задача: -Јас работам,се подготвувам и се организирам за да се справиме подобро со преговарачкиот проблем отколку што тоа досега ни успеа. Но бунтот меѓу другарите расте.Внатрешнопартиските кавги стануваат се појавни.Се погласни се мислењата за преиспитување на некои од реформите и нивно корегирање.
Опозицијата на тоа се радува и смета дека е дојден крај на реформите.Генералниот секретар на ЦСУ Маркус Зедер: -Целиов развој покажува дека реформите во СПД мируваат а на земјата и се итно потребни реформи за да зајакне економски.Сега слушам дека и Клемент,кој е стручен во економијата,размислува за оставка,тогаш најдобро за земјата би биле нови избори. Сепак засега Унијата нема да бара гласање за доверба за канцеларот,но ќе врши поголем притисок врз владата.

Реклама