1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Во Авганистан убиени седум војници на НАТО

ЖА/дв9 јули 2012

Во јужниот дел на Авганистан се убиени седум војници на НАТО, како и 28 цивили и полицајци. Ова е најголемата загуба во еден ден за Алијансата во последните четири месеци.

https://p.dw.com/p/15TqY
Фотографија: AP

Шестмина американски припадници на ИСАФ-трупите предводени од НАТО настрадале од експлозија на бомба поставена на работ на патот, соопшти претставник на Алијансата. Кратко претходно бил убиен еден војник на НАТО при напад на бунтовниците во јужниот дел од земјата. Авганистанските власти соопштија дека во серијата бомбашки напади во провинциите Хелманд и Кандахар настрадале најмалку 28 цивили и полицајци. Меѓународната заедница во меѓувреме му вети на Авганистан цивилна помош во висина од повеќе милијарди по завршувањето на воената мисија на НАТО во 2014. година. Но, помошта е условена од подобра работа на владата во Кабул. Во завршнатата декларација на Конференцијата одржана во Токио се вели дека нациите даватели на помош до крајот на 2015. година ќе стават на располагање повеќе од 16 милијарди долари.