Владата ги продолжи мисиите на Бундесверот во странство
5 февруари 2014Германија го зајакнува својот ангажман во западно-африканската држава Мали. Владинот кабинет денеска (05.02.) во Берлин донесе одлука за зголемување на бројот на војниците на Бундесверот стационирани во таа земја. Доколку одлуката ја изгласа и Бундестагот, бројот на германските војници во тамошната мисија за обука би се зголемил од сегашните 180 на максимум 250 војници. Освен тоа германската влада заедно со Франција има намера да ја пошири развојната помош за Мали. Министерката за одбрана Урсула фон дер Лајен, која денеска заминува на турнеја во Африка, истакна дека младата генерација ќе остане во Мали, доколку таму има перспектива. „Затоа е толку важно, да бидат изградени државните структури, да владее стабилност“. Притоа би требало да помогне ЕУ, заедно со Африканската унија.
Германската влада денеска за последен пат го продолжи и мандатот на војнците на Бундесверот во Авганистан. Нивниот ангажман треба да заврши на крајот на годната. Таму во рамките на НАТО трупите ИСАФ се ангажирани уште речиси 3.200 германски војници.
Германскиот камп во северно-авганистанскиот Кундус уште во октомври минатата година им беше предаден на Авганистанците, а околку половината од возилата, кои не се потребни, веќе се изнесени од земјата. Утре (06.02.2014) последните десет тенкови од типот „Мардер“ преку турското пристаниште Трабзон со брод ќе бидат трнспортирани во Германија.