Тесно по гласањето во Албанија
26 април 2021По парламентарните избори во Албанија сè уште нема јасен победник. Поради екстремно тесниот исход на борбата за 140-те места во парламентот потребно е да се сочека целосното пребројување на гласовите од страна Централната изборна комисија во Тирана, проценуваат албанските медиуми. Ова може да трае до вторник, соопшти изборната комисија.
Првите прелиминарни резултати од албанската Централна изборна комисија покажуваат дека владеачката Социјалистичка партија на Еди Рама освоила најмногу - 46,27 отсто од гласовите за парламентарните избори.Според податоците на Централната изборна комисија, опозициската Демократска партија на Лјулјзим Баша добила 44,71 насто од гласовите, а Движењето на социјалисти за интеграција на претседателт Илир Мета 6,67 отсто.
Според резултатите на изборната анкета Јуроњуз Албанија, трката ќе биде тесна меѓу социјалистите и опозицијата. Околу 3,6 милиони граѓани на Албанија со право на глас во неделата избираа пратеници, кои во наредните четири години ќе ги претставуваат во албанскиот парламент.
Повеќе:
-Албанија: избори во сенка на коронавирусот
-Михаел Рот за ДВ: Фантазиите за промена на границите на Западен Балкан се поразено минато
-Јанез повторно би цртал граници
Претседателот на Социјалистичката партија на Албанија и премиер, Еди Рама, вели дека претпоставките и анкетите претставуваат само „предвидувања пред фудбалски натпревар“ и повика на трпение до објавување на резултатите на изборите. „Ние не сакаме само резултат и потврда дека сме победиле, туку тоа да биде продолжение на процесот и од овој процес Албанија треба да победи, а не само партијата која ќе управува со државата“, рече Рама.
Тој го пофали изборниот процес на парламентарните избори во Албанија и оцени дека остатокот од процесот би требало да помине мирно за Албанија да излезе како победник на овие избори.
Лидерот на опозициската Демократска партија, Љуљзим Баша, синоќа прогласи победа на опозцијата на парламентарните избори, само два часа откако беше завршен процесот на гласање. „Победата е јасна! Им се заблагодарувам на сите граѓани кои гласаа за победа“, рече Баша. Тој изјави дека е уверен оти граѓаните масовно гласале за „Алијанса за промени“ и дека на крајот ќе победи Албанија.