1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Вила Водно: Ја очекуваме новата грчка влада на масата за разговори

СН/ЖА/макфакс7 јуни 2012

Од кабинетот на македонскиот претседател на најновите критики од страна на грчката партија Неа Демократија упатуваат дека Иванов својот став го искажал во Мостар.

https://p.dw.com/p/15A8i
Фотографија: Petr Stojanovski

Ги очекуваме на масата за разговори оние што ќе формираат влада во Грција со цел што поскоро надминување на спорот со името, велат од кабинетот на претседателот Ѓорге Иванов по последните обвинувања од Неа Демократија за национализам на македонските власти.
„Претседателот на Република Македонија, Иванов, својот став за реакцијата од
Неа демократија, го искажа во Мостар. Сакам само да потсетам на
неодамнешната изјава на претседателот Иванов дека, ги очекуваме на масата за
разговори, оние кои ќе формираат Влада, кога и да е тоа, што поскоро, тоа
подобро”, вели Дарко Костадиновски, државен советник за надворешна политика
на претседателот Иванов.
Реакцијата на Костадиновски следува по последните обвинувања на одговорниот
за надоврешна политика во Нова Демократија Панос Панајотопулос за
национализам и бескомпромисност на македонските власти во однос на спорот со
името.