1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Вестервеле без конкретен датум за повлекување од Авганистан

21 јули 2011

Германскиот министер за надворешни работи Гидо Вестервеле денеска допатува на политички разговори во Авганистан. Тој се среќава со претседателот Карзаи и новиот командант на ИСАФ силите, генерал Ален.

https://p.dw.com/p/120fG
Фотографија: AP

Повод за ненајавената посета на шефот на германската дипломатија Гидо Вестервеле е почетокот на предавањето на одговорноста за безбедноста во земјата врз авганистанската армија и полиција. Во рамките на тој процес тие в сабота ќе ја преземат командата врз градот Мазар-и-Шариф, во чија околина се наоѓа најголемата база на германскиот Бундесвер.

По пристигањето во Кабул Вестервеле изјави дека со почетокот на предавањето на командата во рацета на авганистанската армија и полиција неделава, почнува нова фаза. „Перспективата за повлекување сега станува конкретна“, порача министерот. Тој во исто време ги одби барањата на германската опозиција за попрецизен план за повлекувањето од Авганистан, посочувајќи дека тоа би можело да го злоупотребат талибанците за систематско засилување на нападите врз оние делови каде се предава командата. Германската влада планира до крајот на годината да почне со повлекувањето на делови од вкупно петте илјади војници во Авганистан. До крајот на 2014 би требало да биде повлечен и последниот германски војник од земјата.

Автор: ГЧ/ЖА/дв/дпа

Редактор: Трајче Тосев