1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Ватикан ја отфрла критиката за говорот на Папата

Грегор Хопе15 септември 2006

Сеуште некачен во авион за Рим по неговата шестдневна посета на Баварија, крииките за еден говор на Папата Бенедикт 16 стануваа се погласни. Претставници на различни муслимански заедници во Европа и највисоките религионзи власти во Турција изразија негодување пореди еден дел од говоорот на Папата, кој Бенедкт 16 го оддржа во вторникот на универзитетото во Регензбург.

https://p.dw.com/p/Ac3F
Папата Бенедикт 16 во Германија
Папата Бенедикт 16 во ГерманијаФотографија: AP

На Ватикан во одредена мера му се брза да ги смири брановите. Бенедикт 16 туку што се врати во неговата летна резиденција Кастел Гандолф, а новиот шеф на ватиканскиот прес центар Отец Федерико Ломбарди го кажа следново: Во никој случај Папата не сакаше да ги повреди чувствата на муслиманските верници. Поглаварот на римо – католичката црква многу повеќе би сакал да негува став на респект и дијалог со другите религии и култури – се разбира и кон исламот. Токму во делот од неговиот говор на универзитетот во Регензбург зборувал за тоа да се отфрли религиозно мотивирано насилство.

Папата во вторникот во говорот за односот меѓу разумот и верата во Регензбург ја напомена претставата за „Светата војна“. Притоа тој цитираше од една дискусија од средниот век меѓу византиско - христијанскиот крал Мануел Втори Палеологос и едно учено лице од Персија „Покажи ми што е она ново што го донел Мохамед, таму ќе најдеш само лошо и нехумано, како тоа што пропишал, верата што ја проповеда, да се шири со меч.“

Бенедикт ова го навел на зачудувачки остар начин, за да праша за одност на религиите со наислството. Од натамошен цитата на овој крал тој наведува дека верата би морала безусловно да се заснова на разум и ненасилство.

Реакциите во исламскиот свет се многу огорчени: Претседателот на исламскиот совет на Германија, Али Кизилкаја зборовите на Папата ги означи како „иритирачки и многу за жалење“. Тие не биле погодни да се зајакне дијалогот меѓу религиите и културите. Некои од стручњаците на Ватикан во говорота на Папата гледаат оттргнување од линијата на претходникот Јован Павле Втори. Поинаку отколку тој, кој постојано ја нагласуваше истата вредност на трите монотеистички религии во светот - еврејството, христијанствотот и исламот, Јосеф Рацингер направи основна разлика меѓу ислламот и христијанството. Но во секој случај и Бенедикт 16 исто така на друго место го потецирше основното единство на трите абрахамистички религии.

Многу поголеми беа протестите на исламските духовни лица во државите како Пакистан или Египет. Пред се претседателот на највисоките религиозни власити на Турција, Али Бардакоглу побара извинување од Бенедикт 16. Бардакоглу исто така ја стави под знак прашање, за крајот на ноеври планираната посета на папата Бебнедикт 16 на Турција.

Вчера вечер се слушнаа и гласови од Ватикан, кој најмногу сметаат дека е неповолно времето на говорот на Папата, време кога атмосферата меѓу муслиманскиот и христијанскиот свет е кревка па дури и цитатите може да доведат до недоразбирања.