1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Ватикан против феминизмот?

3 август 2004
https://p.dw.com/p/Aezm
Ватикан
ВатиканФотографија: AP

Католичката црква се погрижи за да се крене малку прашина во времето на годишноодморско затишје. Во еден документ упатен до бискупите Ватикан предупредува на претераниот феминизам. Разликите меѓу мажот и жената не треба да се израмнуваат смета Ватикан и токму ја нагласува различноста на половите и улогата на жената како мајка. Истовремено се бара рамноправна положба на жените и создавање услови за полесно усогласување на работата и одгледувањето деца.

Папата му објавува војна ма феминизмот во светот – оцени весникот “Билд”. Германските Зелени и либералите го критикуваа документот како заостанат и средновековен.

Ватикан се почувствува погрешно разбран. Раководителот на германската програма на Радио Ватикан Еберхард фон Геминген се обиде преку германската телевизија ЦДФ да објасни: “На почетокот беа две тези. Денес се тврди дека жената постојано е угнетувана и поради тоа таа мора да се бори и да се ослободи. Втората е дека белег на жената и на мажот не е нивниот пол, телесното, туку примарно тоа е нивната култура. Ватикан се искажа во врска со ова и констатира дека во основа обете се погрешни, зашто културата навистина во голема мера му дава белег на човекот, но не само таа, зашто ние по природа сме токму маж или жена”.