1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Ватикан - прва еколошка област исчистена од ЦО2

Кирстин Хаузен30 декември 2008

Ватикан е добитник на Европската награда за соларна енергија за 2008 година. Малата држава во срцето на Рим треба да стане првата еколошка област исчистена од јаглероден диоксид.

https://p.dw.com/p/GM9J
Соларни колектори поставени на покривот од католичката црква во ВатиканФотографија: SolarWorld AG

Ретко кога некој подарок за папата предизвикал толку големо внимание како што беше подарокот од една германска фирма. Станува збор за фотоволтниот уред што произведува 300.000 киловат часови електрична енергија годишно. Уредот беше монтиран на покривот од салата за аудиенција во Рим. На денот кога беше официјалното пуштање во употреба, на Ватикан му беше доделена Европската наградата за соларна енергија за 2008 година. Папата Бенедикт Шеснаесетти за време на својот понтификат главното тежиште го стави на заштитата на климата и најави големи планови во оваа област.

Новите 2.000 соларни модули од Германија што се наоѓаат врз салата за аудиенција досега не добија многу сонце. Во Рим овој месец врнеше толку многу, колку што врне вообичаено за цела година.

Соларната техника го привлекува вниманието на љубопитните минувачи

24.11.2008 DW-TV im Focus Vatikan Neu
Ватикан, божикно украсенФотографија: DW-TV

„Среќна сум поради подарокот на Бенедикт Шеснаесетти. Навистина го заслужи тоа. Јас го почитувам и би сакала да го направи светот малку подобар во овие тешки времиња“.

„Папата е исто така човек, кој мора да јаде и да дише. Тој прави колку што може. Да се надеваме дека на верниците ќе им служи како пример“.

Тоа и би било во духот на Бенедикт Шеснаесетти, сигурен е 72-годишниот Еберхарт, отец од германскиот град Геминген. Тој ја води програмата на германски јазик во Радио „Ватикан“, која со гордост известуваше за еколошкиот проект.

„Заштитата на климата може многу лесно да се поттикне на различни начини, меѓутоа кога преку викенд летам за Малага со компанија што нуди евтини летови, тогаш загадувам голем дел од животната околина. Свети Павле еднаш рече: ’Она што сакам не го правам, а она што не го сакам сепак го правам’. Значи, ние не сме единствени“, вели Еберхарт.

Папата го води народот на вистинскиот пат со добар пример

„Ватикан сигурно сака да служи за пример. Можам да си замислам дека папата Бенедикт си мисли дека милиони луѓе гладуваат, затоа што богатите произведуваат многу месо и притоа трошат многу енергија. Во месото има многу енергија, а мислам и во кафето и во други работи. Секое консумирање троши многу енергија, а ние треба да ја штедиме енергијата и подобро да ја искористуваме. Освен тоа, можеме да дадеме и свој мал придонес на тој начин што на покривот од салата за аудиенција ќе инсталираме соларни ќелии. Всушност, ова е најмалиот придонес што можеме да го дадеме, затоа ни е драго, кога за него се пишува во светскиот печат. Тоа беше повеќе како знак на добра волја“, вели отец Еберхарт.

Папата е сериозен околу заштитата на климата

USA Vatikan Papst Benedikt in Washington
Папата Бенедикт Шеснаесетти заштитата на климата ја зацрта како главна цел за време на неговиот понтификатФотографија: AP

Во моментов во Ватикан се вршат испитувања на кои места постои уште потенцијал за штедење енергија. Слободните површини што се наоѓаат надвор од градот, а се во сопственост на црквата, се испитуваат дали се соодветни како чист извор на енергија. На пример, сончева енергија и енергија добиена од ветер. По налог на папата во Унгарија се пошумуваат голем области со цел да се изедначи билансот на јаглерод диоксидот во Ватикан. Долгорочно, малата држава во срцето на Рим треба да стане првата област во светот исчистена од јаглерод диоксид:

„Тоа има врска со етиката и религијата. Затоа што Господ им ја доверил земјата на луѓето. Засадувајте ја, градете ја, земјата ви е вам потчинета, рекол тој. Доколку погрешно се толкува поимот „потчинета“, тогаш тоа ќе значи: „експлоатирајте ја земјата“. Меѓутоа, во спротивно, тоа треба да значи: „култивирајте ја земјата, негувајте ја, бидејќи таа сама од себе нема да роди житарки, за тоа треба да придонесе и човекот. Имено, Тоскана не е убава затоа што таква ја направила природата, туку затоа што луѓето ја обработиле“, нагласува отецот Еберхарт.

Дали заштитата на климата ќе стане обврска за секој христијанин?

„Папата не сака да им прави конкуренција на етаблираните организации за заштита на животната околина“, вели Еберхарт. „Тој сака само да се грижи за поголема еколошка свест во католичката црква“. Меѓутоа, пораката пристигна до базата. Се’ повеќе свештеници размислуваат за поштедливо греење и соодветно користење на ресурсите.