1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Ватикан го слави 75от роденден

11 февруари 2004
https://p.dw.com/p/Af1e
На денешен ден пред 75 години беа потпишани таканаречените Латерански договори. Тогашниот кардинал Пиетро Гаспари и премиерот на Италија Бенито Мусолин на 11 февруари 1929 година донесоа одлука за регулирање на односите меѓу Ватикан и Италија. Денеска Ватикан е религиозно и туристичко место, и воедно единствената држава во Европа каде се'уште има апсолутен владетел. Според член еден од уставот на Ватикан, папата ја има законодавната, извршната и правната власт. Јерг Зајзелберг со повеќе детали за католичката мини држава.

Ватикан е мал, толку мал, што многумина кога стојат на плоштадот Св. Петар незнаат каде точно минува границата.

"Каде завршува државата Ватикан?"

"Незнам морам да погодувам."

Оној кој од плоштадот Св. Петар премиува преку зебрата, ја преминува и државната граница на Ватикан со Италија. Остатокот од најмалата држава на светот се наоѓа лево и десно од катедралата Св. Петар, опкружен со sид, а влез имаат само одбраните.

"Тоа со сигурност е едно од местата на светот со најмногу магија. Тоа е како место, каде застанало времето, наликува на замокот на трнорушка. Таму едноставно важат поинакви правила."

вели биографот на папата - Андреас Енглиш.

Позади големите sидини на Ватикан се наоѓа резиденцијата на папата, неговите градини и светски познатите музеи. Во државата Ватикан има и железничка станица, пошта, аптека ноколку продавници и најмала армија на светот. Во ренесансни униформи и уметнички исковани копја Швајцарската гарда ги контролира влезовите во Ватикан.

"Ние сакаме да и' дадеме мировна слика на една безбедносна трупа. До заби вооружени војници сигурно би им пречеле на посетителите. " вели Елмар Медер

Најмалата држава во светот има и државен медиум. Радио Ватикан емитува програма насекаде во светот и го има најпознатит програмски шеф

"Папата е главен уредник и директор на програмата, но за среќа тој не се меша во нашата работа" истакнува патер Геминген, раководителот на германската програма.

Денеска контактите на Ватикан со Италија се добри, минатат година папата доби дозвола да говори дури и во италијаснкиот парламент, но сепак постојано се појавуваат мали недоразбирања меѓу двете држави, на пример кога папата не сака да плати такси за одводнување.