Буш - Албанија
10 јуни 2007Реклама
Американскиот претседател, Џорџ Буш, денеска во Тирана има средба со премиерите на земјите од Јадранската тројка – Македонија, Албанија и Хрватска. На разговорите треба да стане збор за напредокот на трите земји на патот кон НАТО. Буш ќе води и разговори со албанското раквоодство. Тој е прв американски претседател кој ја посетил Албанија. Владата во Тирана говори за историска посета. Буш во Албанија ќе престојува шест часа, а потоа заминува за Бугарија.