1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Бучковски одби да ги коментира белешките од Викиликс

9 декември 2010

Екс-премиерот на Македонија Владо Бучковски денеска за ДВ одби да ги коментира наводите во првите тајни депеши на американскиот Стејт Департмент испратени од Скопје, кои беа објавени на интернет платформата Викиликс.

https://p.dw.com/p/QTxt
Поранешниот македонски премиер Владо БучковскиФотографија: Petr Stojanovski

Поранешниот македонски премиер Владо Бучковски денеска кусо за Дојче Веле изјави дека нема коментар на објавените информации во Викиликс кои сугерираат дека тој им ветил на САД дека ќе молчи за случајот со апсењето и приворањето во Македонија на Либанецот со германско потекло Калид Ел Масри.

Според информациите на Дојче Веле, американската амбасада во Скопје на македонски политичари кои се споменуваат во протечените депеши им сугерирала да не ги коментираат наводите.

Khaled el Masri
Либанецот со германски пасош Калед Ел МасриФотографија: AP

Објавувањето на нови депеши од Скопје допрва следи

Тајните депеши на американската амбасада во Скопје испратени до централата во Вашингтон покажуваат дека екс- премиерот Владо Бучковски лично се залагал кај Трибуналот во Хаг за одлагање на враќањето на четирите случаи со наводи за воени злосторства од конфликтот во 2001 во текот на 2006-та година, . На работна вечера со тогашната амбасадорка Џилијан Миловановиќ, Бучковски се обврзал и дека тој и неговиот министер за внатрешни работи, во тоа време, Љубомир Михајловски ќе го продолжат молкот во однос на случајот „Калид Ел Масри“ и покрај барањата на Советот на Европа и на претставници на ЕУ.

Според најавите, се очекува на Викиликс да се појават најмалку 500 депеши испратени од американската амбасада во Скопје.

Автор: Борис Георгиевски / викиликс

Редактор: Симе Недевски