1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Борба за Доњецк

ЕМФ/афп/ард/дв6 август 2014

Украинската армија продолжува да напредува во Доњецк. Воената авијација, како што се вели од страна на градската управа на Доњецк, првпат бомбардирала цели близу центарот на големиот украински град.

https://p.dw.com/p/1Cpgr
Фотографија: DW/K. Tatarinova

Градскиот совет на Доњецк соопшти дека во нападите на украинската авијација загинале најмалку тројца цивили. Портпарол на украинската армија тоа го демантираше. Армијата тврди дека во близина на милионскиот град бил само еден авион на украинската воена авијација и дека тој ја одржувал комуникацијата со копнените сили. „Украинската војска не го бомбардира Доњецк, ниту Луганск, ниту други густо населени места“, изјави армискиот портпарол.

Градската управа на Доњецк тврди и дека врз неколку згради паднале гранати и дека е оштетена и инсталација за гас. Сепаратистите очекуваат напад врз Доњецк. Армиското раководство во Киев, наспроти тоа, тврди дека нема планови за офанзива.

Во борбите на истокот на Украина, според наводи на Киев, во последните 24 часа биле убиени најмалку 18 украински војници. Армискиот портпарол Андреј Лисенко изјави дека 54-ца војници се повредени. Украинската војска со недели се обидува да ги протера бунтовниците од нивните упоришта Доњецк и Луганск. Досега украинската армија успеа да ги поврати Славјанск, Мариупол и други мали гратчиња, но офанзивата, поради жестокиот отпор на бунтовниците, постојано „заглавува“. Досегашната стратегија на украинските владини сили се состои во тоа да ги изолира сепаратистите во Доњецк, се‘ додека тие не ги потрошат резервите. Сепаратите треба да се отсечат и од границата кон Русија.

Влез на руски трупи?

Russische Armee Übung in Yugra ARCHIV Juni 2014
Фотографија: picture-alliance/dpa

Во Европа, во меѓувреме, се зголемува стравот од можно влегување на руски трупи во источна Украина. НАТО ја обвини Москва дека предизвикува натамошна ескалација на кризата со распоредуавњето на 20.000 војници подготвени за борба во пограничниот регион. Се стравува дека Русија, под плаштот на хуманитарна акција или мисија на обезбедување на мирот, може да испрати свои трупи во соседната земја, изјави неименуван портпарол на НАТО. На опасноста од можна инвазија на Русија во источна Украина укажа и полскиот премиер Доналд Туск. Германската влада побара од Москва да не посега по ништо што би предизвикало натамошна ескалација.