1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Болтон се пресметува со Трамп

Карла Блајкер
23 јуни 2020

Мемоарите на Џон Болтон, во кои тој од сите „оружја пука“ по претседателот Трамп, денеска стигнуваат во книжарниците. Но, и на сметка на авторот стига критика – нему му е важен профитот, а не доброто на земјата.

https://p.dw.com/p/3eDMa
USA Präsident Donald Trump und Sicherheitsberater John Bolton
Фотографија: Getty Images/AFP/B. Smialowski

Уште пред да се појават, мемоарите на поранешниот советник на претседателот Доналд Трамп предизвикаа бројни контроверзи. Американското министерство за правда поведе постапка за забрана на книгата поради содржење тајни информации, кои на САД можат да им нанесат непоправливи штети, истакна министерот Вилијам Бар. Судијата Ројс Ламберт не издаде налог за забрана, иако остро го критикуваше Болтон за тоа, како што истакна, што не обезбедил целосна проверка на текстот од страна на Националниот совет за безбедност.

Ламберт го критикуваше Болтон за прекин на процесот на проверка по четири месеци и испраќање на манускриптот кај издавачот. Последица – Болтон треба два милиони долари, доколку ги добие за книгата, да ѝ ги отстапи под одредени околности на владата. Во најлош случај му се заканува затворска казна. 

„Опортунист" и заговорник на воени решенија

Книгата сега излезе од печат и Болтон во своето синоќешно интервју за ТВ ЕјБиСи не изгледаше претерано загрижен поради евентуални последици. Напротив, очигледно уживаше во улогата на провокатор и во отвореното изнесување на свое мислење за Трамп. Во своите мемораи тој го опишува претседателот како импулсивен и тврдоглав, човек кој не смее ни една минута да биде оставен сам. „Мислам дека тој не е адекватен за функцијата", изјави Болтон во ТВ-интервјуто, „мислам дека не е доволно компетентен за вршење на оваа работа."

Зошто книгата на Болтон е трн во око за Белата Куќа?

Трамповата казна за непослушната Германија

Отказот за Болтон значи занемување на критичарите на Трамп

Оваа оценка, велат критичарите, радо ќе ја слушнеа многу порано од устата на Болтон, за време на постапката за импичмент против претседателот Трамп во февруари, која не заврши со негово отповикување од функцијата. Тогаш Болтон не сакаше да даде исказ.„Болтон е политички опортунист. Тој имаше можност да даде исказ и го одби тоа", изјави Хеким Џефрис, демократски пратеник кој беше дел од обвинителниот тим.

Buchcover von "The Room Where It Happened: A White House Memoir"
Корицата на книгата на Џон Болтон со наслов: „Собата каде што сё се случи“Фотографија: Simon & Schuster

Притоа Болтон беше незадоволен уште тогаш кога работеше во Белата куќа. Советникот, кој работеше и за претседателите Буш и Реган, важеше за тврд милитарист, кој повеќе се залага за воени отколку за дипломатски решенија. Разговорите на Трамп со политичките противници како севернокорејскиот диктатор Ким Јонг Ун воопшто не му се допаѓаа.

А тогаш се случи кризата околу Украина, околу која се вртеше постапката за отповикување на Трамп. Болтон тврди дека Трамп самиот лично му кажал дека ја задржува воената помош додека украинскиот претседател не поведе истрага против синот на демократскиот ривал Џо Бајден. Самиот Болтон бил стриктно против ваков потег. Но, очигледно не би спремен од таа причина да ја напушти Белата куќа и да даде оставка.

Итро одбран момент на објавување на книгата

Во размислувањата на Болтон, одбивањето да даде изјава во постапката за импичмент очигледно играло улога поради неговата идна кариера како писател, вели Брендон Конрадис, новинар во „Хил", весник од Вашингтон и информативен интернет-портал за американската политика и економија. „Тој имал намера да пишува книга и сакал за неа да си ги зачува најдобрите приказни", вели Конрадис во разговор за Дојче веле.

Болтон самиот пак тврди дека ионака нема да можел да го смени мислењето на републиканските сенатори, неговата изјава не би предизвикала никаква разлика, а неговата одлука нема врска со профит.

Но, едно е сигурно: мемоарите се појавуваат среде претседателската кампања. Подобар момент за продажба нема. Дали откритијата кои ги нуди Болтон во книгата ќе повлијаат на изборниот резултат во ноември, е друго прашање. Конрадис се сомнева во тоа: „Не верувам дека мемоарите на Болтон ќе го сменат мислењето на луѓето". Мнозинството Американци веќе имаат изградено став, вели новинарот. Според него, поклучни се други работи, ккао кризата со коронавирусот и протестите против расизмот и полициското насилство. „Трамп навистина имаше тешки месеци, објавувањето на овие мемоари е навистина само мала трошка."