1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Блискоисточниот квартет со поддршка до ЕУ околу Хамас

31 јануари 2006

САД, Русија и Обединетите нации и дадоа поддршка на позицијата на ЕУ кон палестинското движење Хамас и својата финансиска помош ја условија со откажување од насилство на оваа радикално-исламска организација.

https://p.dw.com/p/AcWk
Слика од палестинските избори
Слика од палестинските избориФотографија: AP

Хамас мора да го признае правото на Израел на постоење и постоечките договори за мир, изјави генералниот секретар на ОН, Кофи Анан по средбата со американската министерка за надворешни работи, Кондолиза Рајс и високи дипломати на ЕУ и Русија. Американскиот претседател, Џорџ Буш, во Вашингтон изјави дека САД нема да ја поддржат палестинската влада на Хамас.

“Хамас јасно истакна дека го отфрла правото на опстанок на Израел. Додека е тоа негова политика ние нема да ја поддржиме палестинската влада формирана од Хамас“, изјави Буш.

Хамас, вчеравечер, на барањата на блискоисточниот квартет реагираше со отфрлање. “Квартетот требаше да побара прекин на израелската окупација и агресија, а не да бара од жртвите да ја признаат окупацијата и да стапат со врзани раце пред агресијата“, изјави портпаролот на Хамас, Сами Абу Зухри. Тој додаде дека Хамас сака добри односи со западот.