1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Вистински центар за добредојде на квалификувани странци?

Бенџамин Најт
23 март 2019

Берлин, со нова служба, ги засилува административните напори за привлекување на квалификувани странски работници. Со овој чекор треба да се промени и темелниот пристап на властите кои мигрантите ги гледаат како закана.

https://p.dw.com/p/3EBM6
Deutschland, Bingen: Dem Handwerk geht der Nachwuchs aus
Фотографија: picture-alliance/dpa/B. Roessler

Берлин стана една од првите германски покраини која ги засилува напорите за привлекување на квалификувани работници, преку создавање на нова специјална „институција за доселеници“ потег кој е во согласност  со новиот закон за имиграција на германската влада. Сосема новата институцијата наречена „Покраинска служба за доселување“, ќе ја замени актуелната „Канцеларија за странци“.

„Формирањето на независна служба за имиграција треба да ја трансформира канцеларијата за странски граѓани во вистински покраински орган на добредојде", изјави министерот за внатрешни работи на градот-покраина Берлин, Андреас Гајзел.

Тој притоа го истакна акутниот проблем за кој германските претпријатија се жалат веќе подолго време: дека никако не може сериозниот недостиг на работници во растечките стопански сектори (негувателството, инженерството и ИТ)  да биде покриени од страна на невработени Германци, па дури и од доселеници од земјите од Европската унија.

Повеќе:

-Германија и мигрантите: Барани и дискриминирани

-Новиот побрз пат до работа во Германија сѐ уште не е истапкан

Меѓутоа, голем дел од планот за новата служба останува нејасен. Покраинската влада не соопшти кога точно таа ќе биде отворена ниту пак дали ќе биде вклучен буџет за дополнителен персонал.

Symbolbild Krankenpflege
Фотографија: picture-alliance/dpa/D. Karmann

Мигрантите: закана или помош?

Идејата не е сосема нова: градовите-покраини Хамбург и Бремен веќе имаат т.н. центри за добредојде, служби кои се одделени од други покраински институции, каде акцентот, како што сугерира името, е ставен на помош на досеелниците да се снајдат во Германија.

„Мислам дека со тоа  сакаат да испратат сигнал во имиграциската политика", рече Бетина Офер, адвокат за имиграција со седиште во Франкфурт. „Мислам дека Берлин сега го презеде овој чекор за да покаже дека има смисла".

Структурно, вели Офер, новиот центар во Берлин може да биде значајно подобрување. „Навистина е чекор кон подобро ако го направат  специјален покраински орган, што пак ќе биде чекор напред и за бројот на вработените и за платите", вели Офер. „Мислам дека сето тоа ќе олесни оваа канцеларија да најде персонал".

Не само промена на етикетата?

Томас Грос, експерт за имиграциско законодавство во универзитетот во Оснабрик, рече вели дека сигналот кој го испраќа Берлин е за пофалба, ако во покраината сериозно го мислат тоа. Ако станува збор само за промена на етикетата, нема да има голема разлика, вели Грос.

„Прашање е како тие се сваќаат самите себеси", изјави Грос за ДВ. Старата категоризација на службата за за странските државјани како дел од регулаторната власт е втемелена на идејата дека на странците треба да се гледа како на опасност која треба да се контролира“.

Повеќето Берлинци кои немале доволно среќа да имаат државјанство на ЕУ, можат само да го потврдат ова, како што ќе потврдат и безбројните доаѓања во канцеларијата за странство која има хронично недоволно вработени. Многу луѓе раскажуваат анегдоти за чекање со месеци за да се добијат термин, или пак за стоење во редиците надвор ред канцеларијата уште од 5 часот наутро и натаму со часови среде зима без на крајот воопшто да можат да влезат во канцеларијата, итн, итн.

„Ако на овие канцеларии сега им се даваат позитивни имиња како 'центри за добредојде', тоа би требало да има и влијание врз тоа како вработените ја гледаат својата улога", вели Грос додавајќи: „Се разбира, треба да се најде и кадар кој овие имиња ќе ги живее и ќе се идентификува со нив".